Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Јелена Карлеуша откри како разговор со владика ѝ помогнал во тежок период

Медиасет.мк
пред 5 дена
media-libraryvdiqm2dljg743m7GZ2v

Јелена Карлеуша, која досега јавно се изјаснувала како атеистка, откри дека во тежок период од животот разговарала со владика и токму тој разговор ѝ помогнал да најде мир и полесно да го надмине тешкиот период.

Во гостувањето во емисијата „150 минути“ на ТВ Прва, Карлеуша рече дека и понатаму се смета за атеистка, но раскажа дека на „еден Божји човек“ му ја признала својата ориентација, по што тој ѝ одговорил дека токму таквите луѓе најмногу ги сака.

„Беше многу смирен и избра многу убав начин на комуникација со мене и ми помогна да пребродам еден многу тежок период“, раскажа пејачката.

Таа откри дека во периодот кога требало да објави нови песни, решила целосно да го промени тимот со кој работи. Иако, како што вели, многумина ѝ свртеле грб, а во некои луѓе се разочарала, вистинските пријатели останале покрај неа. Според Карлеуша, промената се покажала како успешна, бидејќи нејзините песни веќе еден месец се присутни во трендинг-листите.

Зборувајќи за периодот низ кој поминала, таа истакна дека избрала да простува, да разбира и во луѓето да ја бара позитивната страна.

„Ако гледам омраза и негативност, избирам да не бидам дел од тоа. Со позитивна енергија тргнав со новите песни. Сè што можеше да ме скрши, ме скрши“, рече Карлеуша, додавајќи дека на жените им порачува да ја препознаат сопствената сила и достоинствено да ги надминат тешките моменти.

„По долго време излегов од темнината. Сега сè е во ред“, порача таа.

Во екранизацијата на истоимената песна учествуваат и нејзините ќерки, за кои Карлеуша вели дека се нејзината најголема среќа во животот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

137383_profimedia0358388672_ls

Кралот Чарлс донел конечна одлука за Хари и Меган: Една работа им останува забранета

Сцена | пред 3 часа

media-library12pv9apr48gpaSjCqRv

(Видео) Васил Ангелов триумфираше во Киргистан: Прво место на „Echo of Nomads“

Сцена | пред 15 часа

media-libraryoouaiu557htg30IghMg

(Видео) „Да живее Македонија“ рече Жељко Самарџиќ со знаме од Кутлеш на „Тиквешки гроздобер“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryh6tchu0cvc5d3m9eEeT

Натали Портман стана мајка по третпат: Доби дете со францускиот музичар Танги Дестабл

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања