Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Јован Јованов и Елвир Мекиќ подготвуваат концертен спектакл на Пастрмалијада во Штип - нова можност публиката да ужива во нивните безвременски хитови

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library5515ajq8b95o7xt2TMj

По концертниот спектакл во Скопје на 6 јуни, со кој поставија нови стандарди за домашни концерти, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја продолжуваат својата турнеја низ земјава и најавуваат ново грандиозно музичко шоу.

Следниот од низата планирани концерти ќе се одржи на 19 септември (сабота) на Градскиот стадион во Штип, во рамките на Пастрмалијада, каде Јован и Елвир ќе бидат ѕвезди на вечерта.

Ова ќе биде ноќ исполнета со безвременските хитови на двајцата музичари: „Магија“, „Армија“, „Слаба точка“, „Адреналин“, „Некаде после 2“, „Итно ми требаш“, „Ти ме сакаш знам“ и многу други.

И овој пат со Јован и Елвир ќе бидат бендот и танчерите што ги придружуваа во Скопје, а специјални гости ќе бидат нивните пријатели Маја Саздановска и Тони Зен.

Сите што го пропуштија концертот на Јован и Елвир во Скопје, но и оние што ќе сакаат одново да ја доживеат истата енергија, заедно со многу носталгични моменти и преубава музика, ќе имаат можност на оваа незаборавна вечер во Штип.

Најдобриот концерт годинава вреди да се види двапати!

Влезот на концертот на Јован и Елвир е бесплатен, а Пастрмалијада почнува во 19 часот!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq3hiq76c7no94iGHdp8

Весна Змијанац се враќа во Скопје, пет децении музика, емоции и безвременски хитови на големата сцена во арената „Борис Трајковски“

Сцена | пред 13 часа

media-libraryttfqlfk15v3h0TbAb7D

(Видео) По лажните тврдења за апсење поради перење пари, се појавија нови снимки од наводна акција за одземање на автомобилите на Бака Прасе

Сцена | пред 16 часа

media-libraryg1042m80hacn0WE6K9P

(Видео) Јован Јованов и Тони Зен го објавија спотот за „Уште ми требаш“, продолжение на легендарниот хит

Сцена | пред 1 ден

media-library29o41mu1od4dfX3DFFX

(Видео) Октај Сејди падна на шест прашања на „Полиграф“: Од разделбата со Нина до интимниот живот

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања