Connect with us

Hi, what are you looking for?

#ФАЦИ

Кафе-муабет со Џамбо Агушев: Поради короната немам турнеи, па можам да ја гледам ќерка ми како расте


Наутро кога станувам прво пијам турско кафе и тоа благо. Обично кафето го пијам со сопругата, со родителите и со мојот брат. Кај нас зависи, кој прв ќе се разбуди тој вари кафе, па не ми е проблем да ѝ сварам јас кафе на мојата сопруга.

Низ денот секогаш ме води една позитивна мисла, дека сме живи и здрави јас и мојата фамилија, ама и дека ја имам музиката која ме исполнува и ме прави среќен.

Откако немам настапи животот ми се смени, па доброто е тоа што повеќе време поминувам дома со семејството и со моите деца. Пред короната имав многу турнеи и немав многу време да бидам со саканита. Сега, за среќа, имам време за мојата мала ќерка, која нема ни една година и ја гледам како расте.

Јас сум секогаш расположен со позитивна енергија која ја одржувам со музика. Секако, понекогаш сум нервозен и тажен, но кога ќе ја земам трубата во рацете и ќе засвирам, сета негативна енергија и нервоза исчезнува, бидејќи музиката е мојот живот.

Кафе-муабет со Џамбо Агушев, музичар



Извор: Репортер.мк, проверете ги сите вести

Advertisement. Scroll to continue reading.
error: