Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Кајмакоски бил киднапиран, сега е на безбедно, многу смирено и храбро се соочил со киднаперите“, вели Рашиќ

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-libraryt3kkraquskti76JZEIc

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Таа потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.

„Драги пријатели, веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна.

Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома.

Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.

Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.

Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави.

Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 5 часа

media-librarymaftjrrt0nvg1RvFgqT

Познати личности на кои им е забранет влез во одредени држави

Сцена | пред 6 часа

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 7 часа

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања