Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Како Гренланд го доби своето име?

Медиасет.мк
пред 7 месеци
media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Гренланд во последните недели повторно е во фокусот на светската политика поради американските претензии кон оваа автономна територија во состав на Кралството Данска.

Сепак, зад геополитичките наслови се крие прашање што многумина деновиве си го поставуваат: како е можно остров кој е претежно бел и под мраз да се нарекува Гренланд, односно „зелена земја“?

Одговорот е стар повеќе од илјада години и е поврзан со своевиден маркетинг, но и со фактот дека Гренланд не е насекаде ледена пустина.

Ледениот покривач навистина доминира на островот – гренландската ледена покривка зафаќа околу 80 отсто од неговата површина.

Меѓутоа, долж крајбрежјето, особено на југозапад, во летните месеци се појавуваат зелени површини од тундра, трева и ниска вегетација, додека во фјордите можат да се забележат пасишта и населби.

Токму тие зелени појаси биле најпогодни за живот, лов и скромно земјоделство, па впечатокот за „зелена земја“ бил реален барем во еден дел од годината.

Според преданието, името го смислил Ерик Црвени кога во 10 век од Исланд тргнал да населува нова земја. Наводно ја нарекол Grønland верувајќи дека луѓето полесно ќе се одлучат на преселба ако местото има „привлечно“ име.

Со други зборови, „зелената земја“ била своевидна покана и вешт контраст со ледениот Исланд, кој во реалноста често е позелен отколку што неговото име сугерира.

Зошто називот се задржал? Нордиското име влегло во европските карти и администрација, а денешната данска варијанта само ја продолжила таа традиција. Во исто време, Гренланѓаните својот дом на јазикот калалисут го нарекуваат Kalaallit Nunaat, што во превод значи „Земја на луѓето“.

Овој назив потсетува дека островот не е само мраз, туку и заедници што живеат таму.

Иронијата на името денес е уште поинтересна, бидејќи поради повлекувањето на мразот во одредени подрачја се бележи ширење на вегетацијата – што значи дека Гренланд навистина, барем делумно, станува сè позелен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycb5drvs6lgqj9S1A0vL

„TikTok ме натера да одам таму“: Дестинации што станаа туристички хит поради социјалните мрежи

Патувања | пред 1 ден

fenjgrehrtjhdztj-158218

Перо Антиќ: На 16 години добив шлаканица во полициска станица во Скопје

Вирално | пред 2 дена

media-librarykr84hchrnn2mduSCdco

Оземпик и слични лекови може да го зголемат ризикот при општа анестезија

Вирално | пред 3 дена

media-librarytsjm3mpetn4gee7zY77

Како брзата храна влијае врз црниот дроб и метаболизмот?

Вирално | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања