Српската пејачка Јелена Карлеуша (48) гласаше на предвремените парламентарни избори во Србија, а на избирачкото место пристигна во друштво на своето момче, Александар Шево. Двојката привлече внимание држејќи се за раце.
Шево има 23 години, работи како манекен и претприемач, а од Карлеуша е помлад 25 години.
За излегувањето на гласање, Карлеуша избрала скапа модна комбинација. Носела црн тесен комбинезон од колекцијата „Coco Neige“ на „Шанел“, чанта вредна околу 5.000 евра и шубара, чија цена изнесува 1.780 евра.
Карлеуша подолго време јавно го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, а нејзините политички ставови особено дојдоа до израз за време на студентските протести во Србија.
Пејачката во повеќе наврати ги критикуваше демонстрантите, поради што предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи. Нејзините политички настапи имале последици и надвор од интернетот. Според српските медиуми, некои нејзини настапи биле откажани по реакциите на граѓаните.
Таков случај имало во општината Лучани, каде што граѓаните се собрале пред најавениот концерт и извикувале пароли против Вучиќ. Карлеуша потоа го откажала настапот, за кој, според медиумските информации, требало да добие 30.000 евра.
И покрај критиките, пејачката продолжила јавно да ги искажува своите политички ставови.
Само неколку дена пред изборите, Карлеуша се појавила и на промоцијата на албумот на колешката Сека Алексиќ. Таму повторно привлекла внимание со модната комбинација, носејќи облека од „Гучи“ и чанта „Хермес Биркин“ на која бил истакнат заокружен број еден. Овој детаљ бил протолкуван како израз на поддршка за Вучиќ пред парламентарните избори.