Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Кец на десетка“ со 100-та изведба во МНТ

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-librarygpc9o2npphfqbHHfHEz

Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар, комедијата „Кец на десетка“, на 19 февруари, во 20 часот, ќе одбележи значаен јубилеј — 100-та изведба.

Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново.

Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан / Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Секоја изведба создава прецизна, искрена и непосредна комуникација со публиката, која е активен дел од заедничкото доживување.

Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката произлегуваат од вешто обликуваниот текст на Митко Бојаџиски и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои на претставата ѝ даваат препознатлив печат и автентичен сценски шарм.

Овој јубилеј сведочи за тоа дека „Кец на десетка“ е претстава со долготрајна сценска вредност и постојан интерес од публиката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6lhs7ru73o8o216hsfw

„Да ти цркне Мина“: Весна Петрушевска доби морничав коментар за ќерка ѝ по роденденската објава

Сцена | пред 6 часа

media-librarymh9hfookmahl56LOZjA

Зошто ноември носи големи одлуки во љубовните врски?

Вирално | пред 1 ден

media-library61ar6a17f9ic7JWNSFN

(Видео) По настапот на „Макфест“, Арте Факт го објавија видеоспотот за „Вистина“

Сцена | пред 2 дена

media-library26acpckuggu16e9Dbox

Паметен фрижидер со екран и вештачка интелигенција: Луксуз или непотребен трошок?

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања