Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Филм

Кејт Волш се враќа во „Вовед во анатомија“

Медиасет.мк
пред 5 години
kate-walsh-grays-anatomy

„Вовед во анатомија“ е една од најдолговечните ТВ-серии, но дури и во пресрет на 18. сезона, успева да приреди изненадувања за својата верна публика.

Заедно со новите авантури, една од највпечатливите актерки во серијата, Кејт Волш, се враќа наесен, и повторно ќе го облече својот бел мантил за да ја игра улогата на доктор Адисон Монтгомери.

Ликот на бескомпромисната докторка со огнено црвена коса се појави во првата сезона кога беше претставена како поранешна сопруга на Дерек, што ја отежна ситуацијата за младата Мередит Греј.

Кејт играше омилен лик во „Вовед во анатомија“ сè додека не ја напушти серијата за да глуми во спинофот „Приватна пракса“.

Веста за враќањето на доктор Адисон на официјалниот профил на серијата беше објавена во видео од самата актерка.

„Драги мои, точно е, д-р Адисон Монтгомери се враќа во ‘Меморијалната болница Греј-Слоан’. Многу сум возбудена што повторно сум дома“,  вели Кејт во воведниот дел од видеото, најавувајќи дека 18. сезона на Еј-би-си ќе зпочне со емитување на 30 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot_14

Џони Деп откри под кој услов би се вратил како капетанот Џек Спероу во „Пиратите од Карибите“

Филм | пред 20 часа

Kijanu-Rivs

Кијану Ривс повторно ќе биде Џон Вик, овој пат во анимиран филм

Филм | пред 1 ден

grozje-1-500x330-1

Црно или бело грозје: Кое е поздраво и содржи повеќе антиоксиданси?

Вирално | пред 1 ден

media-libraryol5ihdrsfmhd6yS0klY

PlayStation 6 би можел да пристигне подоцна од очекуваното поради поскапувањето на компонентите

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања