Кендал Џенер отворено проговори за гласините што со години ја следат поради блиското пријателство со манекенката Кара Делевињ. Во најновата епизода на реалното шоу „Кардашијан“, таа појасни дека меѓу нив никогаш немало романтична врска, но и се пошегува дека можеби животот би ѝ бил полесен доколку била лезбијка.
Триесетгодишната манекенка објасни дека со Делевињ се дружи околу 11 или 12 години и дека таа ѝ била голема поддршка на почетокот на кариерата. Благодарение на нивното пријателство, Џенер се чувствувала сигурно и прифатено во светот на манекенството.
Бидејќи често биле забележувани заедно, нивниот однос со години предизвикувал шпекулации за можна љубовна врска. Џенер сега одлучила директно да одговори на нив.
„Мораме да го разјасниме ова. Луѓето мислат дека сум лезбијка само затоа што толку многу се сакаме“, изјавила таа, додавајќи дека не е лезбијка.
Џенер нагласила дека не чувствува привлечност кон жените, но и дека нема ништо лошо во можноста да биде во врска со Делевињ. Сепак, како што објаснила, тие отсекогаш биле најдобри пријателки.
„Ја сакам Кара. Таа ми е како сестра и меѓу нас никогаш ништо не се случило. Освен тоа, мислам дека би било забавно и прекрасно да си лезбијка“, рекла манекенката.
Таа низ шега додала дека животот можеби би бил полесен доколку ја привлекувале жените, бидејќи, според неа, мажите се ужасни. Сепак, повторила дека никогаш не почувствувала привлечност кон жените, иако на крајот оставила простор за можни изненадувања.
„Но, никогаш не вели никогаш, нели?“, заклучила Џенер.
Во последните месеци, манекенката се поврзува со актерот Џејкоб Елорди, познат по улогата во серијата „Еуфорија“. Според претходни медиумски извештаи, нивното долгогодишно познанство наводно прераснало во романтична врска. Пред него, Џенер беше поврзувана со кошаркарот Девин Букер и музичарот Бед Бани.
Манекенката претходно зборувала и за желбата еден ден да стане мајка. Во интервју за „Е! Њуз“ во мај 2019 година признала дека повремено чувствува силна желба да има дете.
„Имам периоди кога навистина сакам дете. Некои денови си помислувам: ‘О, Боже, мислам дека ова ми се случува. Мислам дека ме фаќа желба за дете’“, изјавила таа тогаш.
Сепак, неколку години подоцна појаснила дека не сака да брза со мајчинството. Во интервју за магазинот „Вог“ во 2024 година се присетила дека кога била помлада планирала да има деца до 27-годишна возраст.
„Сега веќе ја поминав таа возраст, а сè уште се чувствувам многу млада. Уживам во слободата што ја имам додека немам деца“, изјавила Џенер.