Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

KFC по 40 години ја откажува соработката со „Пепси“ и преминува на „Кока-Кола“

Медиасет.мк
пред 3 часа
media-library0dikmo8vmkfq6fftSkj
Photo by P. L. on Unsplash

Американскиот синџир ресторани за брза храна KFC по речиси 40 години ќе ја прекине соработката со „Пепсико“ и во своите ресторани во Соединетите Американски Држави ќе почне да нуди пијалаци од конкурентската компанија „Кока-Кола“.

Промената ќе започне во јануари 2027 година, а се очекува производите на „Кока-Кола“ да бидат достапни во сите ресторани на KFC во САД до пролетта, пренесува „Фокс бизнис“.

Претседателката на KFC, Кетрин Тан-Гилеспи, изјави дека партнерството со „Кока-Кола“ е дел од поширок план за модернизација на синџирот, подобрување на понудата и привлекување повеќе потрошувачи. Од „Кока-Кола“ очекуваат соработката да овозможи нови комбинации на храна и пијалаци, проширување на асортиманот и дополнителни можности за раст на бизнисот.

Промената доаѓа во период кога „Пепсико“ се соочува со побавно закрепнување на работењето во Северна Америка. Компанијата на почетокот на октомври ја намали прогнозата за раст на заработката за целата 2026 година, иако кварталните приходи и заработката ги надминаа очекувањата на аналитичарите.

Сега „Пепсико“ очекува основната заработка по акција во 2026 година да порасне меѓу 2,5 и 3,5 отсто, што е значително помалку од претходната прогноза за раст од пет до седум отсто, пренесува Си-ен-би-си.

Компанијата се обидува да го промени негативниот тренд во Северна Америка преку измени на производите, маркетингот и рекламирањето. Финансискиот директор на „Пепсико“, Стив Шмит, изјави дека закрепнувањето на домашниот пазар се одвива побавно од очекуваното.

Во февруари, компанијата ги намали цените на голем број грицки, меѓу кои и популарните „Лејс“ и „Доритос“, за дури 15 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysju2l1fqpqp951dkMb2

Егзотични морски животни пристигнуваат на брегот на Калифорнија, откриени и гнезда на морски желки

Вирално | пред 3 часа

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Шкорпијата тешко простува и никогаш не заборава кога ќе биде повредена

Вирално | пред 4 часа

media-libraryb8d01ivp7kvkeaFh7aQ

Ноември им носи големи љубовни пресврти на овие пет хороскопски знаци

Вирално | пред 8 часа

media-libraryjp90gcnrc0m85NNlwtH

Adidas Samba OG и Mercedes-Benz ги споија спортскиот стил и автомобилскиот луксуз во нов модел патики

Вирално | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања