Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Филм

Кијану Ривс повторно ќе биде Џон Вик, овој пат во анимиран филм

Медиасет.мк
пред 43 минути
Kijanu-Rivs

Кијану Ривс повторно ќе го позајми гласот на Џон Вик во нов анимиран филм посветен на настаните што му претходат на првиот филм од познатиот серијал, објавен во 2014 година.

Студиото „Лајонсгејт“ го потврди враќањето на актерот во проектот, чија приказна ќе ја прикаже легендарната „невозможна задача“ на Џон Вик – во текот на една ноќ да ги елиминира сите свои ривали. Со нејзиното исполнување, тој се ослободил од обврските кон „Високата маса“ и добил можност да започне мирен живот со сопругата Хелен.

Режисер на филмот е Шенон Тиндл, додека продуцент е Чад Стахелски, кој ги режираше сите четири главни филмови од серијалот. Тој истакна дека јапонската анимација имала големо влијание врз неговата работа и врз создавањето на светот на Џон Вик.

Датумот на премиерата сè уште не е објавен. Ривс првпат се појави во улогата на Џон Вик во 2014 година, а последен пат го толкуваше ликот во филмот „Од светот на Џон Вик: Балерина“ од 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnk9147task9bIONAew

Арнолд Шварценегер ќе го глуми Дедо Мраз во нова божиќна акциска комедија

Филм | пред 5 дена

media-library0sdso02tapa6aOaonHX

Од „Кралот лав“ до „Хари Потер и Полукрвниот принц“: филмовите со најголеми буџети во историјата

Филм | пред 6 дена

media-libraryuig15dnkk3b333eksuJ

Од „Титаник“ до „Хари Потер“: филмски пропусти што предизвикуваат дебати

Филм | пред 6 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања