Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

„Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“

Медиасет.мк
пред 2 години
John_Vardar_Horizontal_MK_1d

Свеченото отворање на годинешното издание на МФФ Киненова, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм.

- Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот.

Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против Галаксијата“, филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.

Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан - робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство.

Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска

Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.

Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.

„Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 23 часа

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 1 ден

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 1 ден

media-librarymoih7ksa3kfr8D33op8

Нова голема промена на WhatsApp: Еве каде ќе бидат каналите отсега

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања