Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Ќе поскапат ли iPhone уредите во 2026 година поради недостиг на меморија?

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-libraryr139tvur6dhhcEI7IeO

Глобалниот раст на индустријата за вештачка интелигенција создава сериозен притисок врз пазарот на мемориски чипови, што доведува до недостиг на RAM-меморија и раст на цените, предупредуваат аналитичарите.

Големите производители на меморија сѐ поголем дел од капацитетите ги насочуваат кон AI-сервери, кои носат значително поголем профит, додека производството на меморија за потрошувачка електроника стагнира.

Поради тоа, во текот на 2026 година се очекува поскапување на компјутерите и паметните телефони. Производителите на компјутери со Windows веќе најавуваат зголемување на цените од 15 до 20 проценти, а од Samsung не ја исклучуваат можноста за поскапување на нивните телефони, пренесува „Cult of Mac“.

Кога станува збор за Apple, ситуацијата е понеизвесна. Благодарение на високите профитни маржи и долгорочните договори со добавувачите, компанијата има повеќе простор да го апсорбира растот на трошоците без да ги зголеми цените.

Apple во последните години не ги зголемуваше почетните цени на iPhone моделите, и покрај инфлацијата и зголемените производствени трошоци.

Иако не е исклучено iPhone и Mac уредите да поскапат во 2026 година, аналитичарите оценуваат дека Apple е во далеку поповолна позиција од поголемиот дел производители на Android телефони и PC уреди, кај кои зголемувањето на цените речиси е неизбежно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Вреднување до 1,45 трилиони долари, но без гаранција за профит: Кевин ги предупреди инвеститорите во Anthropic

Технологија | пред 7 часа

media-library2pneqmos134udhwTuH2

Вештачката интелигенција откри опасен пропуст во Јава, хакерите би можеле да го злоупотребат

Технологија | пред 22 часа

media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg

„Енвидија“ едногласно го одби враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција

Технологија | пред 1 ден

media-libraryg1r3iu752sdbe12xkzp

Уште проверувате по десет страници за автобуски билет? Билето нуди решение на едно место

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања