Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Кое седиште во авион е најудобно? Стјуардеса открива трик

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-libraryhk1clgoi1cp0e8fCFRD
Photo by Suhyeon Choi on Unsplash

Патниците често сакаат удобно патување, но на летови со нискобуџетни авиокомпании тоа може да изгледа како невозможна мисија. Сепак, аргентинската стјуардеса Барби Бак сподели совети како да се избере што подобро седиште во авион.

Таа наведува дека авиокомпаниите, доколку не доплатите за избор на седиште, најчесто доделуваат помалку пожелни места, како средни седишта, последни редови или седишта без прозорец.

Меѓутоа, како што вели, постои начин тоа да се избегне.

„Бев на лет од четири и пол часа и доплатив само 11 евра за да патувам како кралица, на седиште каде што од едната страна немам никого“, изјави стјуардесата.

Според неа, таа избрала седиште во 27. ред на десната страна, каде што има само две седишта наместо вообичаените три, што овозможува повеќе простор и удобност. Таа исто така истакна кои седишта треба да се избегнуваат.

„Последниот ред без сомнение е најлош. Таму најмногу се чувствуваат турбуленции“, наведе таа.

Средното седиште го нарече „седиште на очај“, бидејќи патникот нема личен простор и е „заробен помеѓу две непознати лица“.

Седиштето до ходникот исто така може да биде непријатно за спиење, бидејќи патниците често ги вознемируваат луѓе што поминуваат и колички со храна и пијалаци.

Од друга страна, седиштата во излезниот ред нудат повеќе простор за нозете, но и обврска во случај на вонредни ситуации, а често се и постудени поради близината до вратите.

Првиот ред, веднаш зад преградниот ѕид, исто така има повеќе простор за нозете, но нема место за рачен багаж, кој мора да се стави во преградата над седиштето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања