Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Колосеумот ја затегнува контролата врз продажбата на билети - суспендирани 30 туристички оператори

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-library577hhli61p5p2vQMqQP
фото: unsplash

Управата на римскиот Колосеум воведе нова процедура за продажба на билети, со цел да се справи со измамниците, како и суспензија на некои туристички оператори, пренесуваат локалните медиуми.

Како што наведува Roma Today, од денес билетите за Колосеум, Римски форум и Палатин, кои важат 24 часа, ќе бидат достапни исклучиво на билетарницата на плоштадот Колосеум, каде услугата ќе биде подобрена.

Билетите означени како Forum Pass SUPER ќе бидат достапни на билетарниците на плоштадот Largo della Salara Vecchia и во Римскиот форум 1.

Како што е предвидено со новите мерки, 18 отсто од билетите достапни за влез во Колосеумот, кој има ограничен капацитет, ќе се продаваат секој ден физички, на лице место.

Како што наведува Roma Today, досега измамниците ги купувале овие билети, а потоа ги препродавале на туристите, веднаш пред метро-станицата Колосеум.

Измамниците така ги намамувале странците да набават билети преку ред, но тоа повеќе нема да биде можно.

Целта на новите мерки е, со концентрирање на физичката продажба на билети на една локација, полесно да се обезбеди никој да не може да ги измами туристите кои доаѓаат да го посетат Колосеумот.

Воведувањето на суспензија на акредитацијата за 30 туристички оператори е исто така неизбежна мерка, наведоа од управата на Колосеумот.

Станува збор за поединци кои онлајн купуваат големи количини билети наменети за пошироката јавност, наместо да ги купуваат преку посебен онлајн канал за туристички оператори.

За да ги заобиколат прописите, овие оператори наведувале лажни имиња, како што се Pipo Franco, Dua Lipa и други познати личности.

Благодарение на анализа на IP адреси, управата на археолошкиот парк ги идентификувала и во наредните денови ќе ја суспендира нивната акредитација. Се очекуваат и финансиски казни, кои дополнително ќе бидат утврдени.

Почнувајќи од 9 мај, ќе се применува и нова процедура за промена на името на лицето кое резервира и купува билет за Колосеум.

Според новата процедура, сега ќе биде потребно да се испрати мејл, а промените ќе бидат дозволени само во три специфични случаи, и тоа правописна грешка, документирана причина од виша сила, како што е болест или смрт на блиска личност, или погрешно купен билет, како на пример билет по полна цена наместо по намалена.

Како што наведоа од Колосеумот, ова ограничување има за цел да ги спречи неовластените агенции кои купуваат билети, а потоа ги препродаваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 4 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 5 часа

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 1 ден

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања