Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Користите термофор? Лекар предупредува дека старите модели можат да предизвикаат тешки изгореници

Медиасет.мк
пред 35 минути
media-library4p5canmhgh05eRZdOr2
Magnific

Со доаѓањето на студените денови, термофорите повторно стануваат чест избор за затоплување и ублажување на болките. Но, лекар предупредува дека нивната употреба може да биде опасна доколку се стари и оштетени, бидејќи постои ризик од пукање и истекување на врела вода.

Д-р Амир Кан, лекар од британската Национална здравствена служба (NHS), предупредува дека термофорите треба да се заменуваат на секои две до три години. Гумата од која се изработени со текот на времето се оштетува поради повтореното изложување на топлина, што може да доведе до пукнатини и сериозни изгореници.

Староста на термофорот може да се провери преку малата кружна ознака на неговиот горен дел. Бројот во средината ја означува годината на производство, додека точките околу него го покажуваат месецот.

Лекарот посочува неколку правила за побезбедна употреба: да се користи топла, но не зовриена вода, термофорот да не се полни повеќе од две третини, да се истисне вишокот воздух пред затворањето и да се провери дали капачето добро затвора и дали има протекување. Исто така, не треба да се поставува директно на кожата, туку да се користи заштитна навлака или пешкир.

Д-р Кан предупредува и на состојбата позната како еритема аб игне, која се појавува по долготрајно изложување на кожата на топлина. Се препознава по црвенкасти промени со мрежест изглед, најчесто на местата каде што редовно се поставува термофорот.

Затоа, пред повторно да го користите, проверете колку е стар, дали има оштетувања и дали правилно го применувате.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9tjte46dfdlh6XeIgoN

(Видео) Ривалството остана во втор план: Механичарите на противнички тим му помогнаа на Буба Валас да ја продолжи трката

Вирално | пред 8 часа

horoskop

Три хороскопски знаци би можеле неочекувано да профитираат од една важна одлука

Вирално | пред 10 часа

media-librarymh9hfookmahl56LOZjA

Зошто ноември носи големи одлуки во љубовните врски?

Вирално | пред 23 часа

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Ретроградниот Меркур завршува, но драмата продолжува до 30 ноември

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања