Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Крај за АИ-измамите: Јутјуб презеде една од најголемите чистки досега

Медиасет.мк
пред 8 месеци
youtube-dislike-counts-618c170e98e24-sej-1520x800-1

YouTube донесе одлука да стави крај на измамувачката содржина и згасна два големи канали кои објавуваа лажни филмски трејлери создадени со помош на вештачка интелигенција. Станува збор за каналите Screen Culture од Индија и KH Studio од Соединетите Американски Држави, кои заедно имаа повеќе од два милиони претплатници и над една милијарда прегледи. Акцијата се смета за една од најзначајните интервенции на платформата против таканаречениот АИ спам, објави Deadline.

„Чудовиштето е поразено“, изјави еден јутјубер за Deadline по бришењето на спорните канали. Според анализите, овие канали не ја користеле вештачката интелигенција за безазлена забава, туку свесно ги доведувале во заблуда гледачите, комбинирајќи содржини генерирани со АИ со вистински, авторски заштитени филмски материјали.

Дополнително, тие објавувале лажни трејлери уште пред официјалните најави, со цел да го преземат вниманието и прегледите. Како пример се наведува каналот Screen Culture, кој во март објавил дури 23 различни „трејлери“ за филмот „Фантастичната четворка: Први чекори“, при што дел од тие лажни видеа имале поголема гледаност од официјалната најава.

Се поставува прашањето зошто Јутјуб реагира дури сега. Според Deadline, креаторите со време станале премногу самоуверени. По истрагата на порталот претходно оваа година, платформата тивко им ја укинала можноста за заработка, но тие повторно ја активирале монетизацијата со додавање ознаки како „фан-трејлер“, „пародија“ и „концепт-трејлер“ во насловите. Во последните месеци, од засега нејасни причини, престанале да ги користат овие огради од одговорност, што на крај резултирало со целосно згаснување на каналите.

Одлуката доаѓа во време кога вештачката интелигенција сè подлабоко навлегува во филмската индустрија, а лажните АИ трејлери стануваат сè поголем проблем. Корисници на апликацијата OpenAISora масовно создаваат лажни трејлери за филмови на Disney, вклучувајќи и бизарни анимации, како онаа во стил на Pixar со ликот на Џефри Епстин. Иако ваквата појава не предизвика јавно негодување од Disney, компанијата минатата недела најави инвестиција од една милијарда долари во OpenAI и официјално лиценцирање на своите ликови за користење во Sora.

Сè уште останува нејасно што оваа акција значи за останатата несакана содржина што го преплавува Јутјуб. Платформата и понатаму е исполнета со музика генерирана со вештачка интелигенција, долги „информативни видеа“, како и вознемирувачки содржини. Многумина користат АИ за имитирање јавни личности и собираат стотици илјади прегледи без сериозни последици.

Најверојатното објаснување, според аналитичарите, е дека каналите со лажни филмски трејлери предолго ги игнорирале законите за авторски права, со што ги разгневиле моќните сопственици на интелектуална сопственост. Токму тоа, а не грижата за квалитетот на содржината, се чини дека било клучниот фактор што доведе до нивното отстранување од платформата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1aagb2bdbjs8EHwlpL

Новата грешка во iOS 27 може да го замрзне iPhone-от, еве како да го рестартирате

Технологија | пред 11 минута

media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

ЕУ подготвува строги правила за чет-ботовите: Забрана за создавање емотивна зависност кај децата

Технологија | пред 1 час

media-library0hsov53quoa0fhMU8KG

(Видео) Громогласен аплауз за Слаткаристика во Оксфорд: „Ве сакам најмногу на цел свет“

Сцена | пред 2 часа

media-library7fijqt39hpvq42XE42i

(Видео) Каролина ги „раздрма” во Гази Баба: општината прослави 50 години постоење

Сцена | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања