Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Крај за објавување спортски содржини на Фејсбук и Икс? Софаскор подготвува сопствена мрежа

Медиасет.мк
пред 6 часа
Screenshot-2024-03-05-at-17.29.50

Хрватската технолошка компанија „Софаскор“, позната по платформата за следење спортски резултати и статистика, подготвува сопствена социјална мрежа наменета исклучиво за спортот, објави коосновачот и директор за стратегија на компанијата, Иван Бешлиќ.

Новата платформа првично ќе биде достапна во Хрватска, каде што компанијата планира да ги приспособи алгоритмите на потребите на корисниците и подобро да ја контролира несаканата содржина. По почетната фаза, предвидено е нејзино проширување на светскиот пазар.

„Можеме да кажеме дека станува збор за класична социјална мрежа, но не почнуваме од нула, туку со нашите 50 милиони активни корисници“, изјави Бешлиќ во поткаст на „Пословни дневник“.

Како една од причините за создавање на платформата ја посочи желбата љубителите на спортот да споделуваат содржини од натпреварите на мрежа посветена на спортот, наместо да ги објавуваат на постојните глобални платформи.

„Софаскор“ започнал како мал проект во Загреб во 2011 година, а денес има повеќе од 50 милиони активни корисници месечно и е меѓу познатите светски платформи за спортски резултати и статистика. Компанијата ја основале Иван Бешлиќ и Златко Хркач, а според Бешлиќ, бизнисот го развивале без класичен надворешен капитал.

Најголем број корисници има во Бразил и Индонезија, додека во последниот период бележи значителен раст и на американскиот пазар. Компанијата неодамна договорила соработка со Националната хокеарска лига (НХЛ).

Соработката треба да придонесе обемните статистички податоци за хокејот да бидат претставени на поразбирлив начин, по примерот на системот за оценување на играчи што „Софаскор“ веќе го применува во фудбалот и кошарката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryii7cqu8iecap17savKW

НАСА испраќа опрема на Месечината за да открие дали под површината се крие огромен тунел

Технологија | пред 1 ден

media-librarypb6c9ngalb606HnWF01

Вештачката интелигенција открива што гледате, но експертите предупредуваат на ризици за приватноста

Технологија | пред 1 ден

media-libraryjuiqhiqh0jqb6VDYTaU

Глобалните испораки на мобилни телефони паднаа на најниско ниво од 2012 година

Технологија | пред 1 ден

media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања