Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон

Медиасет.мк
пред 2 години
prva-1

Кралицата Камила денеска беше во посета на Шрусбери, а во таа прилика медиумите ја замолија да ја коментира состојбата на принцезата од Велс, на што таа разбранува како навистина се чувствува Кејт.

Таа за прв пат проговори за Кејт Мидлтон и нејзината дијагноза рак, велејќи дека е „преплавена од сите добри желби и поддршка“, пренесува Телеграф.

Денес, додека била во посета, на кралицата и пришле две млади девојки кои направиле постери за Кејт и ја замолиле да и ги предаде.

Таа им кажа на девојките дека ќе и ги подари нивните подароци на Кејт и истакна: „Знам дека Кетрин е воодушевена од сите добри желби и поддршка“.

Да потсетиме, пораката на принцезата од Велс беше емитувана во петокот пред „Вести во шест“, во која таа откри дека и бил дијагностициран рак и дека е на хемотерапија по голема операција на абдоменот - иако се воздржувала од кажувањето каков вид на рак имала.

Реакциите на јавноста по веста за болеста на принцезата Кејт беа силни. Луѓе од целиот свет испратија пораки со поддршка до популарниот член на кралското семејство.

Кејт, како и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, изрази благодарност за љубезните пораки и поддршката, но побара и разбирање за нивната потреба од приватност во овој тежок момент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 16 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 17 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања