Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Кучињата можат да „намирисаат“ рак? Нов експеримент со помош на вештачка интелигенција

Медиасет.мк
пред 1 месец
kuce

Во близина на индискиот технолошки центар Бенгалуру се спроведува необичен експеримент во кој кучиња, со помош на вештачка интелигенција, се обучуваат преку мирисот на човечкиот здив да препознаваат знаци на рак.

Една од главните „учеснички“ во проектот е мешанката Клои. Кога не трча по тревата на фармата каде што се одвива обуката, таа носи специјално изработена кацига со 3Д печатење и појас со сензори. Опремата ја следи нејзината мозочна активност, дишењето и реакциите на мирисите, а добиените податоци се обработуваат со вештачка интелигенција.

Проектот го развива стартапот „Dognosis“, кој се обидува исклучителното сетило за мирис кај кучињата да го претвори во неинвазивен метод за рано откривање на болести.

Сè поголем број научни истражувања покажуваат дека кучињата можат да се обучат да препознаваат одредени заболувања кај луѓето, меѓу кои рак, Паркинсонова болест и ковид-19.

„За еден час можат да направат илјадници душкања. Секое душкање може да процени примерок“, вели коосновачот на компанијата Акаш Кулгод.

Од „Dognosis“ се надеваат дека следната година ќе започнат со комерцијална примена на технологијата, со што би станале трета компанија во светот со ваков пристап, по слични проекти во Германија и Израел.

Идејата е тестот во иднина да се користи како едноставен и достапен прв чекор при скринингот за рак. Раното откривање на болеста може значително да ги зголеми шансите за успешно лекување, а во Индија голем број пациенти се дијагностицираат дури откако болеста ќе напредува.

Постапката е едноставна. Пациентот околу 10 минути дише во памучна маска, која потоа се става во затворена кеса и се испраќа во лабораторија. Пациентите немаат директен контакт со кучињата.

Во центарот „Sniffspace“, обучените кучиња ги анализираат примероците на посебни платформи со автоматски хранилки. Кога ќе препознаат специфичен и невообичаен мирис, добиваат награда.

Кучињата имаат околу 300 милиони рецептори за мирис, додека кај луѓето нивниот број е околу пет милиони. Научниците сметаат дека одредени заболувања можат да предизвикаат промени во хемиските соединенија што ги ослободува организмот, создавајќи карактеристични мириси што кучињата можат да ги препознаат.

Коосновачот на „Dognosis“, Итaмар Битан, кој четири години поминал во израелска специјална единица за обука на кучиња, објаснува дека животните се обучуваат да го препознаат специфичниот невообичаен мирис и потоа да очекуваат награда.

Компанијата неодамна објавила резултати од истражување со повеќе од 1.500 учесници во шест болници во индиската држава Карнатака. Студијата била објавена во стручното списание „Journal of Clinical Oncology“, а од „Dognosis“ тврдат дека постигнале точност поголема од 90 отсто при препознавањето на седум главни видови рак.

Сепак, независни онколози во Бенгалуру повикуваат на претпазливост. Онкологот Сантош Кумар Девадас од болницата „Рамаја Мемориал“ оценува дека резултатите се охрабрувачки како ран показател, но дека се потребни истражувања со значително поголем број учесници пред да се донесат конечни заклучоци.

Ракот претставува сериозен јавно-здравствен проблем во Индија, каде што според проценките приближно секој деветти жител би можел да развие некаков вид на оваа болест.

„Dognosis“ наведува дека крајната цел е развој на попроактивна и превентивна медицина, но и подобрување на начинот на кој луѓето соработуваат со кучињата.

Во истражувањата најчесто се користат биглови, а во нешто помал број и мешанци на белгиски овчар – малиноа. Сепак, не се избираат сите кучиња. Во проектот се вклучуваат само оние што покажуваат најдобри резултати, а нивното „работно време“ е ограничено на околу 30 до 45 минути дневно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypffsujuo64vi54qnO41

Пет необични комбинации на бои што го освојуваат уредувањето на домот

Вирално | пред 14 минути

media-libraryn4nej2mpr2na8NG4X4n

(Видео) Почнаа подготовките за Нова година: децата го претворија каминот во машина за пуканки

Вирално | пред 1 час

media-libraryttml07c2l6q5diiXbjL

(Видео) Чуварот на слоновите се враќа по неколку години отсуство, а слоновите трчаат директно кон него

Вирално | пред 2 часа

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања