Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Купила автомобил и „заборавила“ на него 43 години: Имал само 12 километри, го продала за 53.711 евра

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library0rfnp628i6ldcus4RFX

Еден Renault 5 TL од 1982 година, кој повеќе од четири децении бил оставен во гаража и поминал само 12 километри, неодамна бил продаден на аукција во Франција за неверојатни 53.711 евра.

Автомобилот го купила Французинка во октомври 1982 година во салон на Renault во Шалон-сир-Сон. Во тоа време за него платила 40.000 француски франци, што денес би изнесувало околу 16.500 евра.

Станува збор за модел со пет врати, 1,1-литарски бензински мотор, четиристепен рачен менувач и металик сина боја.

Причината поради која автомобилот практично не бил возен е необична. Жената во моментот кога го купила немала возачка дозвола, па автомобилот веднаш бил сместен во гаража. Иако подоцна положила возачки испит, никогаш не стекнала доволно самодоверба за редовно да го користи.

Кога годинава бил пронајден, бројачот и понатаму покажувал само 12 километри. На автомобилот сè уште биле поставени и старите црни француски регистарски таблички.

По темелното чистење и подготовката за продажба, Renault 5 бил понуден на аукција организирана од куќата Aguttes во Париз. Иако не станува збор за ретките верзии Turbo или Alpine, неговата извонредна зачуваност и речиси нултата километража привлекле голем интерес кај колекционерите.

Наместо очекуваната скромна цена за обичен примерок, автомобилот на крајот достигнал 53.711 евра.

Денес овој Renault 5 се смета за исклучително добро зачуван примерок од легендарниот француски модел – автомобил кој 43 години речиси и да не ја напуштил својата гаража.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7jl6o12h87h52NdToiZ

Три хороскопски знаци кои немаат проблем да ве избришат од животот преку ноќ

Вирално | пред 11 час

media-librarymh9hfookmahl56LOZjA

Кои хороскопски знаци се најдобри парови?

Вирално | пред 1 ден

media-libraryomvu3m9noel8ccHTZiH

(Видео) Дете, гледајќи акробат на улица како прави салто во воздух, проба и успеа да го направи, затоа што никој не му кажа дека не може

Вирално | пред 1 ден

media-library30p2uqjj8nlg34CMxJB

Имате висок холестерол? Овој јаткаст плод може да помогне во неговото намалување

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања