Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Лажен адвокат добил 26 случаи без лиценца, кога го уапсиле, се бранел сам на суд и повторно победил

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarybhu9bj0ib9vf2VaR9RJ

Неверојатен случај од Кенија привлече големо внимание откако човек без формални правнички квалификации успеал да се претставува како адвокат и да застапува клиенти пред судии на Високиот суд.

Брајан Мвенда Нјаги, кој во јавноста го доби прекарот „кенискиот Мајк Рос“, во октомври 2023 година бил уапсен откако било откриено дека незаконски практикувал адвокатура.

Според достапните информации, Мвенда го украл идентитетот на вистински адвокат со слично име, а потоа почнал да застапува клиенти пред суд. Најголемо внимание привлече фактот што успеал да добие 26 случаи по ред, иако немал лиценца ниту формално правничко образование.

По апсењето, тој повторно изненадил. Наместо да ангажира адвокат, Мвенда решил самиот да се брани пред судот, користејќи го своето самоуко правничко знаење и убедливиот настап.

Успеал да биде пуштен со кауција, а случајот дополнително се проширил на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста почна да го фали за неговата снаодливост и правничките способности.

Сепак, зад необичната приказна стојат сериозни обвиненија за кражба на идентитет и фалсификување, а неговиот случај отвори и прашања за тоа како лице без соодветни квалификации успеало толку долго да застапува клиенти пред судовите.

И покрај споредбите со ликот Мајк Рос од серијата „Suits“, кој исто така немал диплома по право, но поседувал извонредно правничко знаење, случајот на Мвенда во реалноста вклучува незаконско користење на идентитет и претставување како лиценциран адвокат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци кои, според астрологијата, знаат како да привлечат пари

Вирално | пред 43 минути

media-libraryd7c2kfiu0lje2fmlIpy

Зошто ф’стаците се добри за организмот и колку треба да се јадат дневно?

Вирално | пред 45 минути

media-library0levms3n83t0f5JVgWi

Што ги привлекува младите пред екраните? Големо истражување открива интересни податоци

Вирално | пред 56 минути

media-librarygp552ob7sdna9ABrvOZ

Четири вида овошје што може да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта

Вирално | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања