Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

„Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално

Медиасет.мк
пред 2 години
Bojana-promocija-11-photo-Vangel-Tanurovski

Лажни светови" е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски. Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција - „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.

Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.

„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во "Лажни светови" зашто е направена со многу љубов, емоции.

За песната е снимено и видео кое е работено под капата на Скендеровски продукција, во кое главната улога инприпаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.

Тука не завршуваат новитетите кога е во прашање името на Бојана и Скендеровски продукција - имено на 23 март стартува втотиот дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Прв на списокот градови е Свети Николе. Концертот е закажан на 23 март на Тодорова сабота, а стартот на концертот е во 14 часот и истиот ќе се одржи во рамките на прославата која е традиционална во овој град и е по повод овој убав празник.

Значи, убавата македонска песна продолжуваме да ја славиме и оваа година, а пораката останува иста - дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 1 ден

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 1 ден

IMG_0960

Каде најмногу патуваат Европјаните? Овие пет градови се на врвот на листата

Патувања | пред 1 ден

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања