Connect with us

#ТРЕНД

„ЛГ“ е првиот голем производител на смартфони што се повлекува од пазарот


Јужнокорејската компанија „ЛГ електроникс инк.“ е првиот голем производител на паметни телефони што го затвора својот синџир на производство поради загуби, откако не најде нов сопственик.

Одлуката за повлекување ќе остави празни околу 10 отсто од пазарот во Северна Америка, каде што беше трет, а каде „Самсунг електроникс“ и „Епл инк.“ ќе се борат за тој дел од пазарот. – Во САД, „ЛГ“ целеше кон пазарот на уреди од средна и ниска класа и тоа значи дека „Самсунг“, кој има поумерени цени од „Епл“, ќе биде во подобра позиција кај купувачите на „ЛГ“, смета Ко Еуи-јанг – аналитичар во „Хај инвестмент енд секјуритис“.

Одделението за паметни телефони на „ЛГ“ забележа загуби од скоро 4,5 милијарди долари за шест години.

Напуштањето на ваков конкурентен пазар ќе му овозможи на „ЛГ“ да се посвети на области како што се – делови за електромобили, паметни домови и слични системи и уреди, се вели во соопштението на компанијата.

Според познавачите, компанијата била потисната од недоволно знаење за спротивставувањето на новите кинески конкуренти. Тековниот глобален удел на ЛГ е само два отсто. Оттаму лани лансираа 23 милиони паметни телефони на пазарот, додека Самсунг пласираше 256 милиони уреди.

„ЛГ“ ќе обезбедува поддршка и нови верзии на програмите за постојните корисници уште некое време.

#ТРЕНД

Фустанот на Ејми Вајнхаус од последниот концерт продаден за 243.200 долари

Фустанот, којшто повеќекратната добитничка на „Греми“, Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен настап, беше продаден на аукција за 243.200 долари – 16 пати повеќе од првично проценетата вредност.

Вајнхаус го носеше зелено-црниот фустан со бамбусови мотиви, на својот концерт во Белград во јуни 2011 година. Еден месец подоцна, на 23 јули, таа почина од труење со алкохол, на само 27 години. Нејзината смрт беше кулминација на долгата (и, прилично јавна) борба против алкохолот и дрогата.

Фустанот беше еден од највредните предмети на ѕвездата, продадени од родителите на Вајнхаус – Мич и Џенис во Калифорнија. Целата колекција заработи вкупно 4 милиони долари – двојно повеќе од првичната процена на аукциската куќа „Џулиен’с“ што го спроведе наддавањето.

– Се разбира, има обожаватели, музеи и колекционери ширум светот кои ќе сакаат да поседуваат некои од овие предмети, да се грижат за нив, да ги изложуваат, да го одржуваат нејзиното наследство и паметење живо и, во истовреме, да соберат пари за фондацијата именувана по неа, изјави Мартин Нолан од аукциската куќа.

Continue Reading

#ТРЕНД

Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за уште една милијарда долари

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, продаде уште 934.090 акции, или околу 1,02 милијарди долари сопственички удел во компанијата за електрични автомобили и неговата компанија која се занимава со соларна енергија, покажуваат финансиските податоци објавени доцна синоќа на Волстрит.

Во исто време, Маск ги искористи опциите за купување на скоро 1,6 милиони акции на Тесла по фиксна цена од 6,24 долари по акција, која му беше доделена како надомест во пакетот за компензација во 2012 година, бидејќи не прима плата и парични бонуси, јави Си-Ен-Би-Си.

Со користењето на опциите, чиј рок истекува следната година, Маск го зголеми својот удел во Tesla овој квартал од околу 170,5 милиони акции на над 177 милиони акции, јави Вол Стрит Џурнал.

Шефот на „Тесла“ почна да продава акции на 8 ноември, делумно за да ја намири даночната сметка што му следува врз основа на опции.

Continue Reading

#ТРЕНД

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

Првата СМС порака денеска е продадена на аукција во Париз за 107.000 евра.

СМС пораката испратена на 3 декември 1992 година беше понудена на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон како таканаречен NFT (незаменлив токен).Во пораката се честита Божиќ. Пораката ја испратил инженерот на Водафон Нил Пепворт од компјутер до менаџер во Велика Британија кој ја примил на неговиот телефон Орбител тежок два килограми. Купувачот купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација. Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: