Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Луѓе хоспитализирани поради халуцинации: Се повлекуваат гумите за џвакање од печурки

Медиасет.мк
пред 2 години
gumi

Два вида гуми за џвакање од печурки се повлечени во Австралија, откако неколку лица беа хоспитализирани поради „вознемирувачки халуцинации“ и повраќање.

Граѓаните се предупредуваат да не јадат гуми за џвакање од печурки од брендот Uncle Frog поради пријави дека потрошувачите „доживеале неочекувана токсичност“. Станува збор за бонбони Cordyceps и Lion's Mane.

Други пријавени симптоми вклучуваат напади, анксиозност, поспаност или губење на свеста и забрзан пулс, пренесува хрватски Индекс. Властите истражуваат што точно имало во овие производи што ги предизвикало овие непријатни симптоми.

Владата објави дека тинејџерот бил пронајден во несвест на почетокот на овој месец, откако проголтал неколку бонбони.

,,Му беше дадена терапија и сега се опорави“, се вели во соопштението.

Веб-страницата Uncle Frog, која беше привремено затворена, претходно нудеше „специјално формулирани“ гуми за џвакање дизајнирани да „промовираат општата благосостојба“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 18 часа

DSC_3615

Најголемиот огномет во историјата изведен во Вашингтон – влезе во Гинис

Вирално | пред 18 часа

media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Технологија | пред 20 часа

media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Сцена | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања