Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Луксузно крстарење со скап исход: Отштета од 220.000 фунти

Медиасет.мк
пред 6 месеци
media-library7lf9uob0rat05XU5wDo
фото: unsplash / илустрација

Жена (45) која за време на крстарење со крузер на Carnival Cruise Line испила 14 текили и паднала по скали, добила отштета од околу 220.000 фунти по судска пресуда.

Инцидентот се случил во јануари 2024 година, кога туристката, по консумирање поголема количина алкохол во барот на бродот, паднала по скали и се здобила со потрес на мозокот, главоболки, повреди на грбот и модринки. Подоцна била пронајдена без свест во дел од бродот наменет само за екипажот, пренесува Sky News.

Поротата во Мајами пресудила во нејзина корист, оценувајќи дека компанијата постапила несовесно.

Нејзиниот адвокат истакнал дека случајот ја отвора темата за ризиците од „all-inclusive“ пакетите за пијалаци, кои, според него, поттикнуваат прекумерна консумација на алкохол и создаваат притисок врз персоналот да служи повеќе пијалаци заради бакшиш, наместо да внимава на безбедноста.

Од компанијата, пак, не се согласуваат со пресудата, тврдејќи дека нема докази дека жената покажувала знаци на пијанство, како нестабилно одење, неразговетен говор или слично однесување.

Во меѓувреме, во друг судски случај кој сѐ уште е во тек, свршеницата на маж кој починал на крузер на друга компанија тврди дека му биле послужени дури 33 алкохолни пијалаци, што дополнително ја отвора дебатата за одговорноста на туристичките оператори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања