Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ нуди доброволни отпремнини за околу 60.000 вработени, со цел да ги намали трошоците и да обезбеди средства за големите инвестиции во вештачката интелигенција.
Понудата опфаќа повеќе од една четвртина од глобалната работна сила на компанијата, која има околу 223.000 вработени со полно работно време. Право на отпремнина ќе имаат вработени во одделите за вештачка интелигенција, „Копајлот“, финансии, човечки ресурси, „Иксбокс“ и „Виндоус + Дивајсис“. Од понудата ќе бидат исклучени одделите за маркетинг, комерцијално работење и безбедност.
Во известувањето до вработените, компанијата наведува дека мерката им овозможува на оние што размислуваат за професионална иднина надвор од „Мајкрософт“ да го направат тој чекор со поддршка, а на одделите им дава можност да го приспособат бројот на вработени на променетите потреби.
„Мајкрософт“ најави капитални расходи од 175 милијарди долари за 2026 година, во рамките на големите вложувања во развојот на вештачката интелигенција.