Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Мајкрософт предупредува: Не се потпирајте на „Копајлот“

Медиасет.мк
пред 6 месеци
Windows-11-copilot

Иако Мајкрософт активно ja продава својата АИ алатка Microsoft Copilot на корпоративни клиенти, во условите за користење стои предупредување дека алатката е „наменета исклучиво за забава“.

Ова предизвика реакции и критики на социјалните мрежи, особено затоа што станува збор за производ кој се промовира како сериозна деловна алатка. Во документот, последен пат ажуриран во октомври 2025 година, се наведува дека „Копајлот“ може да прави грешки и дека корисниците не треба да се потпираат на неговите одговори за важни одлуки.

„Не се потпирајте на Копајлот за важни совети. Користете го на сопствен ризик“, стои во условите.

Од компанијата признаваат дека ваквиот јазик е застарен и најавуваат негово менување во следното ажурирање.

„Како што производот се развиваше, овој речник повеќе не одговара на начинот на кој денес се користи Копајлот и ќе биде изменет“, изјави портпарол на Мајкрософт.

Сепак, Мајкрософт не е единствената компанија што користи вакви оградувања. И OpenAI и xAI предупредуваат дека нивните алатки не треба да се сметаат како единствен или апсолутен извор на точни информации.

Ова повторно ја отвора дебатата за довербата во вештачката интелигенција, особено во ситуации кога ваквите системи се користат за сериозни деловни и општествени одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library51fk1ndk9h27ejUlXuD

Рекорден пад на акциите на „Гугл“: Избришани 500 милијарди долари за еден ден

Технологија | пред 40 минути

media-librarybk8l23aoas933MzRiwv

Rockstar подготвува поинаков начин на напредување во GTA 6

Технологија | пред 13 часа

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 17 часа

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања