Македонија ја има најхрабрата жена-војник во Армијата. Неда Волчева е командир на најдобриот вод во Армија, и таа е една од ретките жени офицерки во Македонија.
27 годишната Неда досега двапати е прогласена за командир на најдобриот вод, а денес претседателот на Македонија Стево Пендаровски ѝ го честиташе успехот.
„Командир на најдобриот вод во нашата Армија, е поручник Неда Волчева. Со 27 години, двапати по ред е прогласена за командир на најдобар вод. Како една од ретките жени офицерки во нашата Армија, со својата сигурност и храброст се надевам ќе реди големи професионални успеси. Како една од ретките жени офицерки во нашата Армија, со својата сигурност и храброст се надевам ќе реди големи професионални успеси“, рече Пендаровски.