Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Македонија го доби првиот видео-агрегатор prvatv.mk

Медиасет.мк
пред 2 години

Македонија го доби првиот видео-агрегатор – „Прватв“ (www.prvatv.mk). Од сега, на едно место, можат да се најдат сите видео содржини – подкасти, информативни емисии, забавни емисии, дневни настани. Сега е полесно од било кога да го најдете било кое видео, да ги пребарате сите интервјуа на одредена личност во различни медиуми, да прегледате изјава.

На дневна основа, најбрзо ги добивате сите нови објавени видеа од македонски автори. Сите селектирани во засебни категории. Лесно за сортирање, а уште полесно е да дојдете со сите видео подкасти – бидејќи можете да пребарувате и по автор.

Важно е што „Прватв“ ги почитува авторските права на сите објавувачи на видеа. На „Прватв“ можете да видите само наслов од видеото, а со клик на истото, пристапувате кон целосната содржина и овозможувате поголема гледаност на авторското видео.

Авторите кои не се индексирани, тоа може да го направат преку секцијата „Индексирање“ или на мејл.

Страниците се освежуваат по стотици пати во текот на денот, за да најновите содржини бидат достапни набрзо по нивното објавување.

„Прватв“ нема редакција, туку претставува автоматизиран систем на агрегирање на видео-содржини. Истиот е во развојна фаза и следува негова напредна верзија и проширување во повеќе држави.

Издавач на „Прватв“ е СТ Групација, која истовремено е издавач на информативниот портал „Скопје1“, порталот за правда и правосудство „Претрес.мк“, таблоидот „Медиасет.мк“, здравствениот портал „Инфо.семед.мк“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 17 часа

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 19 часа

media-librarya1aagb2bdbjs8EHwlpL

Apple сака сите да преминат на iOS 27: Еве што се менува во поставките на iPhone

пред 19 часа

media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања