Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Македонија на второто место на најмалку посетени европски дестинации

Медиасет.мк
пред 8 месеци
ohridsko-ezero

Европа веќе долго време е најпосетуваниот континент во светот, но сепак постојат земји на овој дел од планетата кои се прилично „под радарот“ за меѓународните туристи и кои не сакаат да ги посетат, бидејќи не ги доживуваат како особено атрактивни или безбедни.

Компанијата Riviera Travel ги анализирала податоците на Евростат за најмалку посетуваните европски земји, користејќи статистика за бројот на ноќевања остварени во туристички сместувања во секоја држава.

На врвот на листата се наоѓа Лихтенштајн, каде што во текот на 2024 година биле забележани само 228.579 ноќевања, според најновите достапни податоци.

Главниот град Вадуц е познат по замокот од кој се пружа поглед на долината на Рајна. Сепак, Лихтенштајн најчесто се посетува во рамките на еднодневни излети од соседните земји, што објаснува толку мал број на ноќевања.

На второ место е Македонија, со нешто повеќе од два милиони ноќевања во 2024 година, додека третото место го зазема Луксембург, кој забележал околу 3,6 милиони ноќевања. Следуваат Летонија и Црна Гора на четвртото и петтото место.

Во продолжение, целосната листа на десет европски земји со најмалку туристи, според бројот на ноќевања:

  1. Лихтенштајн

  2. Македонија

  3. Луксембург

  4. Летонија

  5. Црна Гора

  6. Естонија

  7. Албанија

  8. Литванија

  9. Малта

  10. Србија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 5 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 6 часа

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 1 ден

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања