Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Македонија најевтина во Европа за сместување, Грција меѓу 12-те најскапи во Европа

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-librarypti1dbos44h6dXazp7a
Скопје1.мк

Грција се наоѓа на 12-то место меѓу најскапите европски туристички дестинации за краткорочно изнајмување сместување, покажуваат податоците на компанијата за туристичка аналитика AirDNA.

Според анализата, просечната цена за ноќевање во Грција изнесува 141 евро, додека најскапата европска дестинација е Монако со просечни 417 евра по ноќ.

Во првите пет најскапи дестинации се и Исланд со 211 евра, Андора со 189 евра, Швајцарија со 184 евра и Обединетото Кралство со 176 евра за ноќевање.

Анализата покажува дека Грција има една од најизразените сезонски разлики во цените на сместувањето во Европа. Во текот на летните месеци, просечната цена се зголемува за 55 проценти и достигнува 174 евра по ноќ, додека во останатиот дел од годината изнесува 112 евра.

Најголема разлика е забележана на островот Миконос, каде летното ноќевање во просек чини 758 евра, што е за 65,6 проценти повеќе од цената од 458 евра во останатиот дел од годината.

На европско ниво, најголем сезонски раст на цените е регистриран во Портимао во регионот Алгарве во Португалија, каде цените во лето се повисоки за 71,6 проценти. Во Марбела, пак, цената се зголемува од 200 на 315 евра по ноќ.

Според истражувањето, најприфатлива дестинација за краткорочно сместување во Европа е Македонија, каде просечната цена за ноќевање изнесува само 39 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 3 часа

media-librarydmc2bi7gm1vf532tfsF

Истражување открива можни проблеми со ноктите кај корисниците на „Оземпик“

Вирално | пред 5 часа

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Адвокатот на Анџелина Џоли со тешки обвинувања против Бред Пит: „Сѐ уште се обидува да ја контролира“

Сцена | пред 1 ден

sok

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Вирално | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања