Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Македонката Александра Кочоска освои „Еми“ награда!

Медиасет.мк
пред 5 години
241846248_10159887582829993_4528682391015994992_n

Александра Кочоска Дековиќ, Македонката која неколку години работи како продуцент за визуелни ефекти во Холивуд, ја освои награда Еми за серијата „Стар трек – Дискавери“. Таа е првата Македонка номинирана за Еми а наградата е за визуелни ефекти во епизодата „Су’кал“.

Ова беше втора номинација на Александра за најпрестижната телевизиска награда во Америка. Таа беше номинирана за Еми и во 2019 година, но тогаш наградата ја освои серијата „Игра на тронови“. Александра ја доби наградата заедно со сопругот Анте Денковиќ и продуцентот Џејсон Зимерман.

Александра веќе неколку години живее и работи во Холивуд. Таа има две дипломи од Универзитетот УКЛА, за бизнис-менаџмент во забавната индустрија и за развој. Оттогаш работела на неколку серии: Crossbones, Sleepy Hollow, Limitless и True Detective, Star Trek: Picard со Патрик Стјуарт во главната улога, Star Trek: Short Treks и Star Trek: Discovery S3.

Во интервју за „Репортер“ таа ни раскажа дека е продуцент на визуелни ефекти – таа не работи на компјутерска изработка на ефектите, туку има свој тим, десетина луѓе чија работа ја надгледува и одлучува во која сцена ќе има каков ефект. Притоа внимава нивната работа да не го надмине буџетот со кој располага серијата за секоја епизода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1i0ikdpkc4hlfD2mZnU

Наводна расправија во Холивуд: Кендал Џенер и Хејли Бибер не ја поднесуваат Сидни Свини

Сцена | пред 2 часа

media-library2s6kjmcmrrfa5Mf8Rxt

(Видео) Арина Сабаленка објави видео во црн костим за капење и привлече големо внимание

Сцена | пред 5 часа

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 1 ден

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања