Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Филм

Македонска режисерка во срцето на Холивуд: Тамара Котевска на маса со Дикаприо, Дел Торо и елитата на филмската индустрија

Медиасет.мк
пред 10 месеци
media-library4sstom8nlttuchY0kmv

Македонската документаристка Тамара Котевска се најде во ексклузивно друштво во Холивуд, на приватен ВИП-настан rezervиран само за триесетина водечки имиња од филмската индустрија. Како членка на Американската филмска академија и гласач за Оскарите, таа беше единствената документарна авторка поканета на ручекот организиран по повод новиот филм на Пол Томас Андерсон „One Battle After Another“.

Настанот ја собра актерската и продукциската елита, меѓу кои Леонардо Дикаприо, Бенисио дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити и Реџина Хол. Гостите разговарале за снимањето, за соработката со Андерсон и за тековната оскаровска трка.

Во неформалниот дел од средбата, Котевска имала подолг разговор со Дикаприо, кој – како што вели таа – веднаш се сетил на „Медена земја“ и на нивната фотографија од 2020 година, направена за време на оскаровските номинации. Тој покажал посебен интерес за нејзиниот нов глобално наградуван документарец „Приказната за Силјан“.

Интерес за филмот пројавиле и Бенисио дел Торо и Тијана Тејлор, особено поради темите за отпор, правда и борба против неправеден систем.

„Да се градат односи и пријателства низ годините со холивудските ѕвезди кои ми биле најголемо влијание како дете да се посветам на филмската магија е како некаков чуден сон кој од секогаш се чинел недостижен. Но, кога си таму со нив во истата малечка просторија, делиш оброк заедно и гледаш колку се тоа обични луѓе кои минуваат низ истите трауми, искушенија, несигурности и притисоци со секој нов филм како и сите ние останатите филмаџии на планетава, тоа е едно особено чувство кое ги руши сите предрасуди и бариери дека нешто е невозможно да се достигне, вели Котевска.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeoq6ppfns9o4bzG2qGi

Шест филмови и серии на Нетфликс што вреди да ги гледате овој викенд

Филм | пред 7 минути

media-librarynosk574teuuifeaEfd7

„Гугл“ започна со продажба на Googlebook: нова конкуренција за Windows и MacBook

Технологија | пред 1 час

media-librarynqf1gul7buvb0mJmCb9

Речиси 40 години живее бесплатно во куќата на Стиви Вондер, пејачот сега ја тужи

Сцена | пред 4 часа

media-librarycjse90pj9eivfe30zDd

(Видео) Новороденче со „мустаќи“ стана хит на социјалните мрежи

Вирално | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања