Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Македонската музика го освои Хонг Конг: триумф на Симон Трпчески и „Makedonissimo“

Медиасет.мк
пред 11 месец
media-librarylu0b9tvrla0ve776MZk

Во полна сала на City Concert Hall во Хонг Конг, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески го претстави својот уникатен проект „Makedonissimo“, создавајќи спој на македонската и кинеската музичка традиција што ја воодушеви публиката.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Кина, Сашко Насев, кој ја поздрави маестралната изведба на Симон Трпчевски и ја поддржа македонската уметност пред локалната бројната публика во Хонг Конг.

media-library0t04afodm50rfMB0FlI
ФБ

Во објава на Фејсбук, Трпчевски рече дека имал особена чест да го претстави „Makedonissimo“ на „Asia+ – фестивалот на уметноста без граници“ во Хонг Конг.

Со поддршка на визијата и посветеноста на Нелсон Лаи и неговиот извонреден тим од LCSD, кои го промовираа и мојот прв концерт во Хонг Конг во 2004 година. Овој настап претставуваше значајно уметничко враќање за мене.

Настапот ги вклучи и извонредните локални музичари — Дидабој на суона, Пик Сум на ерху и композиторот Џони Јим. Заедно создадовме силна фузија на македонската и кинеската музичка традиција, која ја воодушеви публиката во City Concert Hall и ги крена присутните на нозе!

Изразувам искрена благодарност до страстната и дарежлива публика во Хонг Конг, чии ентузијазам и топлина ги разбудија убавите спомени од моите претходни посети и ја направија оваа повторна средба особено значајна по многу години.

Посебна благодарност упатувам и до македонската заедница во Хонг Конг, вклучувајќи го амбасадорот на Македонија во Кина, г. Сашко Насев, и неговата сопруга, кои допатуваа од Пекинг специјално за оваа пригода.

media-libraryf4b55dk7fqofeyEKOWw
ФБ

Благодарам на сите пријатели на Македонија, Хонг Конг и Кина, чие присуство придонесе за вечер исполнета со длабока уметничка поврзаност и културна прослава. Гостопримството, почитта и топлината покажани кон ансамблот „Makedonissimo“ ќе останат незаборавни.

Ансамблот и јас со нетрпение очекуваме повторно враќање и создавање нови, незаборавни музички моменти заедно.

谢谢! Благодарам!, напиша нашиот светски познат Симон Трпчевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 12 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 13 часа

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања