Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Македонскиот филм „М“ со ново Гран При, овојпат во Шведска

Медиасет.мк
пред 1 година
IMG_2879

Македонскиот филм “М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Фокус Покус, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.

„Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, подеднакво визуелно и тематски. Филм кој не’ остава со надеж, но и скршено срце“ – беше образложението на интернационалното жири.

Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хорор. “Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела кои не стигнуваат во широка дистрбуција“, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот.

„М“ не запира со својата фестивалска турнеја. Следни проекции ќе се одржат на почетокот на декември, каде “М“ ќе ги има својата холандска и финска премиера - во рамките на официјалните селекции на фестивалот „Eastern Neighbors” во Хаг и Интернационалниот Скандинавски Филмски Фестивал во Хелсинки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

media-library1oht0fne3e5m6tNyxPs

Три хороскопски знаци кои секогаш препознаваат добра можност за заработка

Вирално | пред 2 дена

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања