Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Маск планира купување чипови за 40 милијарди долари од „Енвидија“

Медиасет.мк
пред 2 седмици
ilon-mask

„Спејс-Екс“, компанијата на Илон Маск, преговара со банки и инвестициски компании за обезбедување околу 40 милијарди долари за набавка на чипови за вештачка интелигенција од „Енвидија“, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Според информациите, планот е околу 10 милијарди долари да се обезбедат преку банкарски кредити, а дополнителни 30 милијарди долари преку долг со инвестициски рејтинг.

Се очекува инвестициската компанија „Аполо Глобал Менаџмент“ да го предводи аранжманот и да помогне во пласирањето на долгот кај поширок круг инвеститори. Меѓу финансиските институции со кои се разговара за учество е и „ПИМКО“.

Преговорите сè уште не се завршени, а според „Фајненшл тајмс“, трансакцијата би можела да биде реализирана во 2027 година.

Планираното финансирање ги покажува големите потреби за капитал што ги создава развојот на вештачката интелигенција, во услови кога технолошките компании забрзано инвестираат во напредни процесори и центри за податоци.

„Морган Стенли“ проценува дека за инфраструктурата поврзана со вештачката интелигенција до 2028 година ќе бидат потребни 1,5 билиони долари надворешно финансирање.

Маск минатиот месец изјави дека центарот за податоци „Колос 2“ на неговата компанија „xAI“ би можел до декември да го зголеми бројот на чипови на „Енвидија“ што ги користи за повеќе од двојно. Тој исто така наведе дека „Спејс-Екс“ планира во своите центри за податоци да користи исклучиво хардвер од „Енвидија“.

Во август „Енвидија“ заедно со „Аполо“, „Блекрок“, „Блекстоун“, „Брукфилд“, „Голдман Сакс“ и „ККР“ започна платформи за финансирање чија цел е мобилизирање повеќе од 500 милијарди долари за инфраструктурни проекти поврзани со вештачката интелигенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

104637042-GettyImages-513101776

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени за милијардите вложени во вештачка интелигенција

Технологија | пред 6 часа

media-librarydbq28dk5uvvd4FoMvIq

Јужна Кореја ги казни Google и Apple со 47,6 милиони долари поради злоупотреба на пазарот за апликации

Технологија | пред 1 ден

media-libraryp6a6e0v37tlt1hfAp65

Apple го претстави новиот iPad mini со OLED-екран, но има една важна разлика

Технологија | пред 1 ден

microsoft

Мајкрософт нуди отпремнини за 60.000 вработени за да ги намали трошоците

Технологија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања