Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Меланија Трамп бесна: „Доста е, ова е неприфатливо“

Медиасет.мк
пред 6 месеци
melanija-1

Меланија Трамп повика телевизијата ABC да реагира поради изјавите на водителот Џими Кимел, во кои ја нарекол „вдовица во исчекување“, во негов монолог емитуван пред пукањето на годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа.

„Доста е. Време е ABC да заземе став. Колку пати раководството на оваа куќа ќе го толерира неприфатливото однесување на Кимел на штета на нашата заедница“, навела Меланија Трамп во објава на социјалната мрежа X.

Водителот Џими Кимел во својата емисија во четвртокот се шегувал на сметка на вечерата на дописниците од Белата куќа и ги исмејувал американскиот претседател Доналд Трамп и Меланија, нарекувајќи ја меѓу другото „вдовица во исчекување“, два дена пред настанот кој подоцна бил прекинат поради пукање.

„Нашата прва дама Меланија е овде. Погледнете ја, толку е убава. Госпоѓо Трамп, сјаете како вдовица во исчекување“, рекол Кимел.

Тој потоа се осврнал и на нејзиниот роденден на 26 април, со шеговити забелешки за тоа како би го прославила.

„Планира да слави дома како и секогаш, гледајќи низ прозорецот и шепотејќи: ‘Што направив?’“, рекол Кимел.

Според Fox News, дел од најверните поддржувачи на Трамп побарале Кимел да биде отпуштен поради неговите изјави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 11 час

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 12 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 12 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања