Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Меланија Трамп се врати во Белата куќа, нејзиниот стајлинг веднаш стана тема

Медиасет.мк
пред 2 месеци
tramp-melanija

По 31 ден отсуство од јавноста, првата дама на САД, Меланија Трамп, повторно се појави во Белата куќа, а нејзиното враќање веднаш привлече внимание – особено поради необичниот детаљ на нејзината облека.

Меланија (56) му се придружи на претседателот Доналд Трамп на настан посветен на проширувањето на нејзината иницијатива за унапредување на системот за згрижување деца во САД.

Последен пат таа беше видена во јавноста на 19 јули, кога присуствуваше на финалето на Светското првенство во фудбал. Овојпат се појави во впечатлива комбинација – сина кошула со подигната јака, црвено миди-здолниште и црвени салонки.

Сепак, најмногу внимание привлече еден детал на кошулата. На манжетните се наоѓале претседателски печати, а нејзиниот долгогодишен стилист Ерве Пјер потврдил дека станува збор за намерно осмислен дел од дизајнот.

Нејзиното издание предизвика поделени реакции на социјалните мрежи. Додека едни ја пофалија Меланија за стилот и вниманието посветено на деталите, други го оценија изгледот како несоодветен и прескап.

„Вниманието на Меланија кон секој детал го прави нејзиниот стил култен“, напишал еден корисник, додека друг го пофалил стилистот со зборовите дека „никогаш не греши“ кога станува збор за нејзиниот изглед.

Имало и критики поради цената на гардеробата. Еден корисник коментирал дека јавноста се воодушевува од облека вредна повеќе од 6.000 долари, додека многу семејства се борат да обезбедат здравствено осигурување, храна и гориво.

Меланија овојпат сама се осврна и на своето долго отсуство. На почетокот на настанот кратко им се обрати на присутните:

„Слушам дека ви недостигав. Еве ме.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3nmul1gemfk22hVR5ET

Хали Бери ја загуби битката за старателство, синот ќе живее претежно со татко му

Сцена | пред 12 часа

media-librarygofq8qpt2gaf6SfldLy

Серена Вилијамс блесна во леопардов фустан на гала-вечер во Лос Анџелес

Сцена | пред 13 часа

media-libraryfe9c7k3oaojfdJakiDu

Расел Бренд се соочува со судење за сексуални напади, тврди дека останал без поддршка од пријателите

Сцена | пред 1 ден

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања