Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Меси по драмата со Зеленортските Острови: Ова Светско првенство е поинакво, секој меч е тежок

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-librarypmrljq3sbu8aaujakIA

Аргентина избори пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако по голема драма и продолженија ги совлада Зеленортските Острови со 3:2.

Иако „гаучосите“ двапати имаа предност со головите на Лионел Меси и Лисандро Мартинез, упорниот ривал успеа да се врати во игра, а победата на актуелниот светски шампион беше обезбедена дури во 111. минута со автогол.

По натпреварот, капитенот Лионел Меси истакна дека очекувал тежок дуел и ги пофали Зеленортските Острови.

„Знаевме дека натпреварот ќе биде многу тежок. Не е случајно што оваа репрезентација не загуби ниту од Шпанија ниту од Уругвај. Ние го направивме најтешкиот дел – постигнавме гол, но потоа, наместо да ја смириме играта, се случи токму спротивното“, изјави Меси.

Тој призна дека Аргентина не успеала да изврши доволен притисок врз противникот.

„Не успеавме добро да ги притиснеме, а тие се бореа со своето оружје. Ова Светско првенство е многу посебно, сè е многу изедначено и секој натпревар ќе биде исклучително тежок“, нагласи аргентинскиот капитен.

Меси истакна дека тимот секогаш покажува победнички менталитет.

„Секогаш одиме напред, без разлика дали игравме добро или лошо“, рече тој.

Според него, прекините биле клучниот фактор за победата.

„Пресудна беше играта по прекините. Можеби претходно не сме постигнувале голови од такви ситуации, но во вакви натпревари тоа е пресудно. Имаме добри играчи во воздушните дуели и успеавме да го искористиме тоа. Во вакво натпреварување, тој сегмент е исклучително важен, а тоа се потврди и на овој натпревар“, заклучи Меси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95a6uctk8oikaInxc5O

(Видео) Сергеј Варошлија: Сè уште сум на суд поради модни критики!

Сцена | пред 32 минути

media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Таткото на Меган Маркл обвинет за поседување на детска порнографија

Сцена | пред 1 ден

media-librarymslk2s8q210jarrJouH

Голема вест за фановите: Малума ја вклучи Приштина во светската турнеја за 2027 година

Сцена | пред 2 дена

media-library5qcv1rtnih224cN8m3Q

Реј го изедначи рекордот на Бијонсе со 11 номинации за „Греми“

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања