Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Метју Рис испиша историја на Еми: Прв актер со две награди за главна улога во иста вечер

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryco16c6f8t2qjbDk4TTW

Актерот Метју Рис влезе во историјата на наградите Еми, откако на 78. доделување успеа да освои две признанија за главна улога во различни категории во иста вечер.

Рис беше прогласен за најдобар актер во хумористична серија за „Widow’s Bay“, а истовремено ја освои и наградата за најдобар актер во минисерија за „The Beast In Me“.

„Ние сме мала, но моќна нација. Ова е неверојатно“, изјави актерот по историскиот успех.

Во минатото и други актери биле номинирани за најдобар актер во две категории, меѓу кои Алан Алда, Сели Филд, Елизабет Мос и Тед Денсон, но Рис е првиот што успеал да победи во двете категории во иста вечер.

„Пит“ и оваа година беше прогласена за најдобра драмска серија, додека нејзината главна ѕвезда Ноа Вајл ја освои наградата за најдобар актер. „Widow’s Bay“ триумфираше во категоријата најдобра хумористична серија, а првата сезона на серијата освои вкупно 14 награди, поставувајќи нов рекорд за хумористична серија.

Серијата, создадена од Кејти Диполд, ги спојува комедијата и хоророт и ја раскажува приказната за град на остров во Нова Англија, каде што ликот на Рис, како градоначалник, се соочува со старо проклетство.

Наградата за најдобра актерка во драмска серија ѝ припадна на Рија Сихорн за „Pluribus“, додека Џин Смарт беше прогласена за најдобра актерка во хумористична серија за „Hacks“. За Смарт ова е петта последователна победа за истата серија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 3 дена

media-library9s7sf0om7atjcRFPX5R

Најлошите филмови во кариерата на познатите холивудски актери

Филм | пред 3 дена

media-librarykijvavuogcludxuXRzl

Брус Вилис го советувал Бен Афлек да одбие филм што освои седум „Оскари“

Филм | пред 5 дена

media-libraryeoq6ppfns9o4bzG2qGi

Шест филмови и серии на Нетфликс што вреди да ги гледате овој викенд

Филм | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања