Медиасет.мк logo
Промени тема
Технологија

Microsoft потврди нов баг: Некои Windows компјутери не можат да се исклучат или да одат во режим на спиење

Медиасет.мк
пред 7 месеци
media-librarytallh42oq402fzo7lcs

Јануари 2026 година се покажа како исклучително проблематичен месец за оперативниот систем на Microsoft.

По низа пријавени грешки, компанијата потврди постоење на нов баг кој спречува корисниците да ги исклучат своите компјутери нормално или да ги стават во режим на спиење (hibernation).

Иако Microsoft првобитно се обиде да го реши проблемот со вонредно ажурирање, најновите податоци покажуваат дека обемот на проблемот е поголем отколку што се мислеше. Според ажурираната документација на официјалниот портал Windows Health Dashboard, проблемот го погодува поширок спектар на уреди.

Проблемот се манифестира на системи кои имаат овозможени функции Secure Launch и Virtual Secure Mode (VSM). VSM е технологија заснована на виртуелизација која ги чува чувствителните податоци во заштитен дел од меморијата за поголема безбедност.

Верзии на оперативни системи погодени од багот се:

  • Windows 11, верзија 23H2

  • Windows 10, верзија 22H2

  • Windows 10 Enterprise LTSC 2021 и 2019

Добрата вест за просечните домашни корисници е дека овој баг главно го погодува специфичните бизнис и безбедносни конфигурации, па повеќето стандарни корисници нема да почувствуваат проблеми.

За системите со активирана функција Secure Launch веќе е достапна исправка, но корисниците чиј уред користи Virtual Secure Mode сè уште чекаат. Microsoft официјално потврди дека работи на трајно решение:

„Компјутерите со функција Secure Launch и овозможен Virtual Secure Mode исто така се погодени. Планираме овој проблем да го решиме во некое од наредните ажурирања на Windows“, стои во соопштението на компанијата од 30 јануари 2026 година.

Овој инцидент се случува во момент кога Microsoft се соочува со остри критики поради квалитетот на ажурирањата и воведувањето AI функции кои многумина ги сметаат за непотребни. Паван Давулури, шеф на одделот Windows, неодамна изјави дека компанијата во 2026 година ќе се фокусира на стабилност и перформанси на системот за да ja врати довербата на корисниците и да ги реши клучните проблеми кои им го отежнуваат работењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqg00rskfn12g9epGnMl

Apple доби тужба од 5,7 милијарди долари поради кршење на два патента

Технологија | пред 17 часа

media-libraryqkhpu4n7s9ooa5dTGVU

ВИ-агенти постапувале неочекувано на владини веб-страници: „ОпенАИ“ го стопира тренирањето

Технологија | пред 1 ден

media-library0trj6p86rce7fcBsBDf

Google на 1 октомври го лансира првиот сателит со AI чипови

Технологија | пред 1 ден

media-librarympa40o8hu5mjcJUg7HN

UMG и Sony ја тужат Suno поради наводна неовластена употреба на музика за AI модел

Технологија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања