Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK
Филм

Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон ги оживува своите најпознати ликови на сцена

Медиасет.мк
пред 2 седмици
media-library5oao0vbfmh377RZaDHC

Роуан Аткинсон повторно ќе ги оживее некои од своите најпознати комични ликови, меѓу кои Мистер Бин и Црниот Гуја, во новата театарска претстава „Rowan Live“, која ќе се изведува на лондонскиот Вест Енд.

71-годишниот британски комичар во претставата ќе изведува дел од своите најпознати скечеви и улоги, но и нов материјал создаден специјално за овој проект.

Во подготовката на претставата Аткинсон повторно ќе соработува со сценаристите Ричард Кертис и Бен Елтон, како и со композиторот Хауард Гудал.

„Поминаа 40 години откако последен пат работев комична претстава на Вест Енд. Помислив дека би било забавно повторно да ги изведам скечевите со кои започна сè за мене и Ричард Кертис и во кои се создадоа моите најпознати ликови, заедно со нов материјал напишан специјално за оваа претстава“, изјавил Аткинсон.

Актерот го најавил враќањето и со видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како ги пронаоѓа старите костими. Покрај Едмунд Црниот Гуја и Мистер Бин, на сцената повторно ќе го оживее и ликот на Горилата Џералд од серијата „Not the Nine O’Clock News“.

Претставата ќе има само 30 изведби, од 8 февруари до 13 март следната година, во театарот „Џилијан Лин“ во Лондон.

Аткинсон првпат соработувал со Кертис и Гудал за време на студиите на Универзитетот Оксфорд, каде што заедно пишувале и изведувале скечеви.

Телевизиското деби го имал во 1979 година во хумористичната емисија „Not the Nine O’Clock News“, а светската популарност ја стекнал со серијата „Црна Гуја“, која се емитувала од 1983 до 1989 година.

Мистер Бин, еден од неговите најпознати ликови, се појавувал во истоимената серија во текот на 1990-тите. Ликот подоцна добил и анимирана серија, два играни филма, а Аткинсон како Мистер Бин настапил и на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Аткинсон последен пат настапил во живо како Црниот Гуја во 2012 година, додека Мистер Бин последен пат се појавил во кинескиот филм „Top Funny Comedian: The Movie“ во 2017 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9s7sf0om7atjcRFPX5R

Најлошите филмови во кариерата на познатите холивудски актери

Филм | пред 1 час

media-librarykijvavuogcludxuXRzl

Брус Вилис го советувал Бен Афлек да одбие филм што освои седум „Оскари“

Филм | пред 1 ден

media-libraryeoq6ppfns9o4bzG2qGi

Шест филмови и серии на Нетфликс што вреди да ги гледате овој викенд

Филм | пред 1 ден

media-libraryvispmuka9j6h8OuLAr8

Анимирана комедија, тинејџерски хит и политички интриги: што да гледате викендов?

Филм | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања