Connect with us

#ОХРИД

МЛАДИТЕ ЗДРАВИ ДРВЈА ОД „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ” СЕ ПРЕСАДУВААТ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Поради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на ул.„Македонски Просветители“, здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори се пресадуваат во градскиот парк.

Акцијата ја спроведуваат екипи на  ЈП „Охридски Комуналец” кои јаворите ги засадуваат   на локации каде претходно се отстранети стари и уништени дрвја.

Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите.

 

 

 

 

 

#ОХРИД

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПРИСУСТВУВАШЕ НА СРЕДБА СО ФУДБАЛСКИТЕ ШКОЛИ

ЈП “Билјанини Извори”, денес, реализираше работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ “Билјанини Извори”. Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпијатие и на истиот присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

 

На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување. Спортот и спортските клубови, школи се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков така што и во иднина ваквиот начин на комуникација и еден вид на соработка ќе продолжи и со другите правни субјекти кои ги користат услугите на претпријатието со цел да се слушни гласот на спортските работници и да се етаблира конструктивен начин на соработка.

 

 

 

 

 

 

Continue Reading

#ОХРИД

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „МАНАСТИРИТЕ ВО ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА“


Во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, денеска се одржа промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“. На промоцијата претходеше света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

На Литургијата присуствуваа и Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид, како и Сашо Донев, претседател на Советот на Општина Охрид. По завршувањето на Литургијата, Епископот Партениј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

На настанот беше одбележан и јубилејот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, 40 години служба во Македонска Православна Црква.

 

 

 

 

Continue Reading

#ОХРИД

САНИРАНИ ОШТЕТУВАЊАТА НА КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ


Деновиве се изврши санација на кружните текови низ градот кои од сообраќајните незгоди беа оштетени.
Покрај санирањето, дополнително е поставено ново лед осветлување на истите. Со тоа се очекува да се зголеми видливоста на кружните текови, како не би дошло до сообраќајни незгоди.

 

 

 

 

 

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: