Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Многумина дури сега откриваат за што служи овој пластичен дел во машината за перење

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryu1abo34723tfadXHOIZ
фото: unsplash

Ако некогаш сте ја отвориле фиоката на машината за перење алишта и сте се запрашале за што служи малата пластична преграда или додаток во делот за детергент, не сте единствени. Многумина со години го имаат пред очи, а дури сега откриваат дека не е таму без причина – служи за правилно дозирање на различни видови детергент.

Станува збор за додаток, односно преграда за течен детергент, која се наоѓа во делот за главното перење. Во зависност од моделот на машината, може да се спушта и подига, да се поместува или целосно да се извади. Нејзината цел е да го задржи течниот детергент во преградата до моментот кога машината треба да го повлече во барабанот.

Кај моделите што имаат преграда каква што често се гледа во фиоките на машините за перење, таа се поставува во долна положба кога се користи течен детергент. Ако се користи детергент во прав, се подига или се отстранува за правот нормално да може да помине низ преградата.

„Бош“, на пример, во упатствата за одредени модели наведува дека додатокот се поставува во соодветна положба за дозирање течен детергент, додека за детергенти во прав се подига. „Самсунг“ и „Ел-Џи“ кај некои свои машини имаат посебен додаток за течен детергент, кој при користење детергент во прав треба да се извади.

Сепак, пред да почнете да ја барате преградата во вашата машина, важно е да се нагласи дека ја немаат сите модели. Конструкцијата на фиоката се разликува од производител до производител, па дури и меѓу различни модели на истата марка.

„Ел-Џи“ наведува дека некои нивни модели воопшто немаат сад за течен детергент, додека поновите машини може да имаат и сосема поинаков систем, како што е автоматско дозирање детергент. Затоа најдобро е да ги проверите ознаките на самата фиока и упатството за конкретниот модел на машината.

А каде одат капсулите?

Трета популарна опција се капсулите за перење алишта, а за нив важи поинакво правило. Тие, вообичаено, не се ставаат во фиоката за детергент.

„Самсунг“ и „Тајд“ наведуваат дека капсулата треба да се стави директно во празниот барабан на машината, а потоа врз неа да се стават алиштата. Така капсулата доаѓа во контакт со водата и може правилно да се раствори. Постојат исклучоци кај одредени уреди со посебно означени системи, па повторно важи правилото да се провери упатството од производителот.

Се чини дека функцијата на ова мало парче пластика изненадила прилично голем број луѓе. На ТикТок неодамна се развила дискусија под едно видео во кое се објаснува за што служи оваа преграда.

„А јас секогаш се прашував каде ми исчезнува течниот Факс кога ќе го истурам“, се пошегувал еден корисник.

Значи, ако вашата машина за перење има мала подвижна пластична преграда во главниот дел, многу е можно со години да гледате токму дел наменет за правилно користење течен детергент и детергент во прав. Само пред да ја поместите проверете го упатството за вашиот модел – кај едни се спушта и подига, кај други се поместува, а кај трети за детергент во прав целосно се вади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygk41lcetkp4ja4viiBb

Жените се изложени на поголем ризик од Алцхајмерова болест, а решението може да биде во редовното вежбање

Вирално | пред 7 часа

media-library3r1vf8sa7mmid0r6w9c

Три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиско олеснување: долговите и грижите остануваат зад нив

Вирално | пред 7 часа

media-libraryb6ub3918okdj1Hx9GT2

(Видео) Слаткар среде концерт викаше по обезбедувањето да ја остави „Сара“ да се качи на сцена во Охрид – снимка од концертот објавена на „Јутуб“

Вирално | пред 8 часа

tejlor-svift-1200x675-1

Кои познати личности најмногу заработуваат од спонзорирани објави на Инстаграм?

Вирално | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања