Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Модриќ постави нов рекорд на Мундијалите – најстар асистент во историјата

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-libraryi51us5e549opeIOkTqu

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Мундијалите, од 1966 година од кога се следи таа статистика.

Модриќ во 83. минута, во победата над Гана (2:1), со која обезбедија пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, изведе корнер по кој Никола Влашиќ со глава постигна гол за победа, а со 40 години стана најстариот фудбалер во историјата на Светските првенства кој забележал асистенција.

Во самиот финиш на натпреварот, капитенот на Хрватска стигна со пожртвувана реакција во сопствениот шеснаесетник да спречи израмнување на Гана, со што го зачува второто место на својата селекција во Групата Л.

Селекторот на Хрватска Златко Далиќ не ја криеше воодушевеноста од партијата на Лука Модриќ, откако играчот од средниот ред беше еден од клучните фудбалери на натпреварот, запиша асистенција за победничкиот гол и уште еднаш покажа зошто со години е лидер на хрватската репрезентација.

„Лука беше навистина фантастичен. Запиша асистенција, а двапати спречи сигурен гол. Тоа зборува за неговиот карактер и енергија. Никогаш не се предава“, рече Далиќ по натпреварот.

Селекторот на Хрватска потсети дека Модриќ во првите два натпревари од групната фаза беше заменуван, но смета дека од натпревар во натпревар ја подигнува формата.

„Го менувавме во претходните натпревари, но сега игра сè подобро и подобро. Беше пример за сите како треба да се бори за репрезентацијата. Свесен е дека ова му е последно Светско првенство и сака да даде максимум. Се надевам дека ќе остане здрав што е можно подолго“, додаде Далиќ.

Хрватска по трет пат по ред обезбеди пласман во нокаут-фазата на Мундијалот, откако играше финале во Русија 2018 и полуфинале четири години подоцна во Катар.

Во шеснаесетинафиналето ги очекува дуел со Португалија во Торонто, а Далиќ истакнува дека неговиот тим нема причина да се плаши од ниту еден ривал.

„Не е важно кој ни е следниот противник. Знаеме што можеме и што сакаме. Ја остваривме првата цел, но ова е само мал чекор. Нема место за еуфорија, туку сакаме да победиме и во следниот натпревар“, порача хрватскиот селектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

ЕУ подготвува строги правила за чет-ботовите: Забрана за создавање емотивна зависност кај децата

Технологија | пред 1 час

media-library925ogl4fuhrb2CGF17S

ЕУ подготвува нови ограничувања за социјалните мрежи

Технологија | пред 1 ден

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 4 дена

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања