Connect with us

Hi, what are you looking for?

#ФАЦИ

Моите песни се лекции за живеењето: интервју со Милен Врабевски за успехот на Intelligent Music Project


Intelligent Music Project (IMP) е еден од најинтересните светски рок-музички проекти во последните десет години. За бендот велат дека е вистински чувар на рок-музиката со неверојатен потенцијал да ја освои светската рок-музичка сцена. Пејач на бендот е Рони Ромеро, кој е на врвот на кариерата во моментот, беше прогласен за пејач на годината со Intelligent Music Project во португалското музичко издание, а нивниот претходен албум, Life Motion, беше избран за албум на годината на истото музичко издание.

Разговаравме со Милен Врабевски, кој е бугарски бизнисмен, филантроп и покровител на уметноста. основач и претседател на Фондацијата „Бугарска меморија“. Вели: во слободно време пишувам музика и текстови за Intelligent Music Project, а пораките се секогаш лекции за животот.

Репортер: Од целиот успех и проектите што ги реализиравте во Вашата кариера и како бизнисмен и како филантроп на што сте најмногу се гордеете?

Не можам да одговорам на ова прашање. Гордоста е лош советник. Јас сум прагматична личност, поставувам цели и правам сè што треба за да ги остварам. Инвестирам во националните интереси што си ги поставувам за себе – образование, борбата со демографската криза, зачувување на историското наследство на Бугарија, инвестирам многу во бугарската култура, одржувам големи семејства. Видеото за песната Listen од новиот албум The Creation, што ќе биде објавено набргу, е посветено на семејствата што имаат репродуктивни проблеми. Со мојата фондација „Бугарска меморија“ организираме семинари во Варна, а на кои присуствуваат студенти од Србија, Македонија,, Албанија, Молдавија, Украина. Во моментот градиме црква во Делчево, изградивме две компјутерски уличници во училишта во Струмица и Берово. Покрај ова, јас сум и сопственик на најголемата компанија за клинички истражувања во Југоисточна Европа. На почетокот на пандемијата донирав опрема за лична заштита на болицата „Св. Никола“. Една од моите клиники беше одобрена како соодветен центар за вакцинација во Бугарија и моја желба е да помогнеме и во потребата за вакцинирање на македонските државјани. Во слободно време пишувам музика и текстови за Intelligent Music Project. По сето ова, навистина не можам да изберам со што најмногу се гордеам. Јас само се обидувам да бидам што е можно поефикасен.

 

 

Репортер: Кога сфативте дека музиката Ви е страст? Од каде тргна идејата за Intelligent Music project?

Музиката секогаш имала важна улога во мојот живот. Најпрвин почнав да свирам гитара. Кога завршував средно, мајка ми ми купи пијано, па самиот почнав да учам да свирам. Јас сум далеку од професионален музичар, но успевам да ги снимам идеите што ги добивам. Добрата музика прави луѓето да се чувствуваат подобро, а тоа ми се случува и мене. Што се однесува со музиката што ја создавам со Intelligent Music Project, пораката на сите текстови ги опишува моите размислувања за животот. Преку нив давам совети за успехот, кажувам што сакам да научат моите деца од животот. Моите песни содржат лекции за живеењето, за начинот на кој растат моите деца. Па ако сметате дека мојата кариера е успешна, може да украдете некој од советите што ги давам преку песните. Мојата љубов кон рок-музиката е со години. За мене, тоа е елитна уметност, која во себе носи многу важни пораки. Сакав овој проект да испрати такви силни, значајни, човечки пораки. Од друга страна, како што веќе споменав, мојата цел отсекогаш била да покажам дека во Бугарија се случуваат добри работи. Во моментот кога сфатив дека моите музички идеи не се воопшто лоши, ја споив мојата љубов кон рокот со желбата да создадат светски производ и така го издадовме првиот албум на бендот – The Power of Mind. Во тоа време главен вокал беше Џон Лотон.


Репортер: Може ли да ми кажете нешто повеќе за Intelligent Music project? Со кого сте соработувале досега, дали сте задоволен од проектот? 
Во текот на годините во бендот се свртеа многу големи музичари – Џон Лотон, Џозеф Вилијамс од ТОТО, Џон Пајн од АСИА, еден од најголемите тапанари – Сајмон Филипс од ТОТО, Нејтан Ист, кој му беше басист на Мајкл Џексон, Ерик Клептон и други. Јас сум и повеќе од среќен од тоа во кој правец се развива бендот. Успеавме да се наметнеме во Бугарија, но постои голем интерес и во други земји. Во тоа многу ни помагаат и членовите на бендот, особено нашиот пејач Рони Ромеро, кој е на врвот на кариерата во моментот. Тој беше прогласен за пејач на годината со Intelligent Music Project во португалското музичко издание, а нашиот претходен албум, Life Motion, беше избран за албум на годината на истото музичко издание.
Репортер: Иако соработувавте со некои од најголемите имиња на светската рок-сцена, кој Ви е омилен, кој Ви оставил најсилен впечаток? И со кого сакате да соработувате во иднина?
Сите тие се одлични музичари со големо искуство, а впечатокот што ми го оставиле не можам да го дефинирам, ако ништо друго, освен како висок професионализам и голем талент. Во моментот сум потполно задоволен од сите членови на бендот.
Репортер: Какви се Вашите идни планови?

Во мај ќе ја почнеме нашата летна турнеја во Бугарија, Грција и во Романија, а веќе работиме и на седмиот албум. Не губиме време.

Advertisement. Scroll to continue reading.

Репортер: Поседувате градинка, приватно училиште, помагате да се образоваат младите во Бугарија. Која е најважната лекција на која сакате да ги научите?
Да, моите градинки и училиштето се дел од мојата строго испланирана и голема програма со која сакам да инвестирам во младите во Бугарија. Но, ова не го правам само преку моите образовни структури, туку и преку активностите што веќе ги споменав. Не чекам некој да ги формулира националните приоритети во мое име. Самиот ги дефинирам и финансирам свои иницијативи. Како резултат на тоа, а без да осудувам некого, давам добар пример како да се инвестира во околината во која сакате да живеете. Животот е многу поисполнет кога го живеете меѓу луѓе што се образовани, способни и имаат цел. Не можете да чекате работите да ви паднат од Марс. Мора да живееме со чувство на благодарност кон универзумот бидејќи постоиме и можеме да бидеме од полза и за другите. Ова е мисијата на сите луѓе во светот. Треба да живееме така што ќе дадеме дел од себе, ќе им помогнеме на луѓето околу нас и нема да бараме ништо од нив за возврат. Ова е една од работите што им ја кажуваме на нашите ученици.



Извор: Репортер.мк, проверете ги сите вести

error: