Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

„Мојата жена, мојата ѕвезда“: Јамал со еден коментар ги подгреа гласините за врската

Медиасет.мк
пред 2 часа
media-libraryda4mpjdjhokmdVbkm7X
Facebook/FIFA

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, повторно привлече внимание на социјалните мрежи, но овојпат не поради случувањата на теренот, туку поради љубовниот живот. Неговиот коментар под фотографија на шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија предизвика бројни реакции и шпекулации меѓу следбениците.

„Мојата жена, мојата ѕвезда“, напиша Јамал, а неговата порака набрзо стана тема на дискусија на социјалните мрежи.

Дел од корисниците го протолкуваа коментарот како знак дека неговата врска со Инес станала посериозна. Особено внимание привлече зборот „жена“, кој поттикна прашања за тоа што всушност сакал да порача младиот фудбалер.

Други, пак, сметаат дека станува збор за романтичен израз со кој Јамал сакал да покаже колку му значи девојката. Ниту фудбалерот ниту Инес јавно не се огласиле за шпекулациите, па засега нема потврда дека коментарот е поврзан со свршувачка или планови за свадба.

Љубовниот живот на младата ѕвезда на Барселона веќе извесно време го привлекува вниманието на неговите обожаватели. За неговата врска со Инес Гарсија почна да се зборува во пролетта 2026 година, кога нивната комуникација на социјалните мрежи предизвика интерес.

Кон крајот на мај, медиумите објавија дека двајцата се појавиле заедно на прославата на Барселона по завршувањето на сезоната, што многумина го протолкуваа како јавно потврдување на врската.

Нивната комуникација на Инстаграм и претходно привлекуваше внимание, а најновата порака на Јамал повторно ги поттикна шпекулациите за нивниот однос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvdiqm2dljg743m7GZ2v

Јелена Карлеуша откри дека сака да ја претставува Србија на Евровизија

Сцена | пред 4 часа

media-libraryfaul4q1n9djoaUewPKb

Петиција со над 1.500 потписи за забрана на Јаков Јозиновиќ во Србија по снимка на која пее песна на Томпсон

Сцена | пред 15 часа

2110449_profimedia0491810859-pronc-hari-megan-markl_ls

Хари и Меган ќе го поминат Божиќ со мајката на Меган, а не со кралското семејство

Сцена | пред 1 ден

actor-george-clooney-and-lawyer-amal-clooney-enter-the-news-photo-1664279400

Џорџ Клуни првпат проговори за смртта на Пресли Гербер: „Една од најтешките работи што може да му се случат на едно семејство“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања