Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Морето во Шпанија собори рекорди: Измерени над 33 степени

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V
Photo by Krists Luhaers on Unsplash

Температурите на морето во Шпанија ова лето достигнаа рекордни вредности, при што повеќе мерни станици во Средоземното Море и долж атлантскиот брег регистрирале највисоки температури досега, соопшти шпанската државна поморска управа.

Мерната бова Драгонера на Балеарските Острови на 5 август измерила 33,02 степени Целзиусови, што е највисока температура досега регистрирана во мрежата на бови на оваа управа.

„Речиси сите бови во басенот Леванте-Балеари на Средоземното Море во текот на летото регистрираа локални температурни рекорди“, соопшти управата.

Рекордно високи температури се измерени и кај брегот на Тарагона и Барселона, на североистокот на Шпанија. На 9 август таму биле измерени 30,7 и 30,5 степени Целзиусови.

Рекорди се регистрирани и на неколку места во Бискајскиот Залив, во северниот дел на земјата. Така, бова во близина на градот Пасаја на 23 јуни измерила 28,4 степени.

Научниците минатиот месец предупредија дека климатските промени, предизвикани од човечките активности, се главната причина за неодамнешните рекордни температури на морето во Европа. Според нив, затоплувањето може да има сериозни последици врз морските екосистеми и заедниците што живеат долж крајбрежјето.

Шпанија годинава се соочи и со екстремни температури на копното. Според податоците на метеоролошката служба АЕМЕТ, на копнениот дел од земјата и на Балеарските Острови биле регистрирани вкупно 61 ден со топлотен бран, што е нов рекорд и значително повеќе од претходниот максимум од 41 ден, регистриран во 2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-librarym6elskuttj600yjysS2

Сарагоса е избрана за европска зелена престолнина за 2028 година

Патувања | пред 3 дена

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Планирале одмор на Бахамите, а завршија во Канада: Крузерот ја промени дестинацијата поради невреме

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања