Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Трендови

„Можеби ова е крај на монархијата“: Американски конгресмен со остри пораки за британскиот двор

Медиасет.мк
пред 9 месеци
media-libraryloqjnb1hk6668Wab5DW

Конгресменот Ро Кана, член на одборот на американскиот Конгрес кој ја истражува аферата поврзана со Џефри Епстин, упати од Вашингтон порака што предизвика внимание во Велика Британија.

Тој во изјава за Sky News порача дека „можеби ова ќе биде крај на монархијата“.

Американскиот политичар смета дека постојат прашања на кои британскиот крал Чарлс III треба да одговори во врска со скандалот во кој е вмешан неговиот помлад брат Ендру.

„Мислам дека британската монархија сега е поранлива од кога било досега. Треба да постават прашања до кралот и кралицата и можеби ова ќе биде крај на монархијата“, оцени демократскиот конгресмен кој е иницијатор на Законот за транспарентност на досиејата за Епстин, законот што доведе до нивно објавување.

Кана додаде дека „ако (кралот и кралицата) немаат одговори, ако се вмешани во класата на Епстин, тоа не е добро за британската монархија“.

„Кралот мора да одговори на она што го знаел, што знаел за Ендру, само одземањето на титулата на Ендру не е доволно. Ендру мора да излезе пред нашиот одбор и да почне да одговара на прашања. Не мислам дека соодветна казна е тоа што повеќе не може да биде принц. Мора да има повеќе од тоа. Мора да одговорат и кралот и кралицата, не го разбирам тој британски обичај кога некој ќе ѝ постави прашање на кралицата, таа да се навреди што ѝ се поставува прашање? Мислам, ве молам. Таа носи иста облека, јаде иста храна, таа е само човечко суштество, мора да одговори на истите прашања како и сите“, рече Кана.

Британската телевизија потсетува дека Ендру Маунтбатен-Виндзор ги негирал обвинувањата за незаконско постапување и наведува дека немало назнаки дека поширокото кралско семејство било вмешано во аферата околу Епстин.

Сепак, објавените документи покажале дека Епстин бил покануван во Бакингемската палата и дека го посетил кралскиот имот Балморал.

Конгресменката Џасмин Крокет, која како и Кана е демократски член на одборот што ја истражува аферата Епстин, била прашана дали смета дека постојат прашања што треба да ѝ се упатат на пошироката кралска фамилија.

„Наша должност е да ги разгледаме доказите и да се обидеме да утврдиме кој е вмешан во оваа многу сложена мрежа. Мислам дека треба да разговараме со секого, дури и ако тоа значи да одиме толку високо“, порача Крокет.

Бакингемската палата објави соопштение во кое портпаролот наведе дека кралот Чарлс III јасно изразил „длабока загриженост“ поради обвинувањата што се однесуваат на Ендру.

„Ако ни се обрати полицијата, подготвени сме да им дадеме поддршка, како што и би очекувале“, наведе портпаролот на кралското семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh205c0hfl2fs8CaqvRw

Сивата и бордо бојата се најпосакуваниот моден спој оваа есен

Трендови | пред 5 дена

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 1 седмица

media-libraryi2ljlil0je1b2R3mJCL

(Видео) Кралот Чарлс остана на поројниот дожд без чадор, па извика: „Каде ми е чадорот?“

Сцена | пред 1 седмица

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања